Ова утро разбудив 4 поспани деца. Некои нежно ги погалив, некои морав да ги боцнам, а едно дури морав и да го откријам и да го извлечам надвор откако нежното тапкање и боцкање на помагаа. Не сум горда на последново будење. Наместив 5 кревети, еден два пати бидејќи некој повторно се вовлекол внатре. Се истуширав и се обидов да изгледам како човек.
Си направив 2 шолји силно црно кафе.
Облеков едно дете и му реков на второто дека поради неговата комбинација на облеката сигурно ќе ме уапсат. Ги потсетив сите деца да си ги измијат забите. Четири пати. Ниту едно не ме послуша. Мораме да поработиме на тоа.
Викав: „Престанете да викате! Ќе ги разбудите соседите!“, толку гласно што сигурно ги разбудив соседите. Многу, многу пати. Ги однесов на училиште најстарите деца, се вратив назад и потоа повторно возев до училиштето за да ги однесам работите што најстарите деца ги заборавија.

Стоев на автобуската станица, чекав автобус и се обидував своите најмлади да ги измамам со дрвото од соседот. Два автобуса поминаа за тоа време. Ги гледав како заминуваат со автобусот, им мавнав и пешачев назад во празен дом. Ги исчистив остатоците од појадокот во автомобилот, потоа кујната и потоа својата коса. Ја размонтирав тврдината од перници и ја наместив долната облека што висеше на лустерот, ја ставив валканата облека во корпата, која веќе беше полна со валкана облека, и повторно си ставив кармин на усните бидејќи претходниот го оставив на образите на децата додека се поздравував со нив.
Имам 12 пораки, 2 неодговорени повици и 384 известувања. Сè пред 9 часот
Го нахранив кучето и му ја наполнив чинијата со вода, ги избришав кујнските шкафчиња, ги изгаснав телевизорот и апаратот за кафе и стотината светилки што беа вклучени. „Прелетав“ по мобилниот телефон и видов дека имам 12 пораки, 2 неодговорени повици и 384 известувања. Сè пред 9 часот. До моментот додека да седнам на својот стол на работа и додека да го запалам својот компјутер, мојата апликација за мерење чекори ми јавува дека веќе сум изодела 4 километри. Тие 4 километри се всушност спремање на децата и себеси и излегување од дома.
Не го кажувам ова за да пронајдам сочувство и симпатија. Среќна сум што имам работа која ми дозволува флексибилност. Среќна сум што сум вработена. На сите вработени мајки, знам како ви е. Точно знам како се чувствувате во моментов. Но, повеќе од сè, на сите мајки, ви наздравувам со својата (сега веќе студена) шолја кафе. Продолжете да го правите тоа што го правите, како и да изгледа. Освен ако не изгледа како осудување. Никој нема време за тоа. Некои од нас имаат работа.
Автор: Лиз Петроне