Допирот е начин на кој детето комуницира со околината и се поврзува со блиските луѓе, пред сè, со мајката. Но, допирот поттикнува работа на низа системи и органи од детскиот организам: од кожата која учи да чувствува допир и топлина, нервниот систем кој учи да се пренесуваат информации за нови искуства до мозокот, самиот мозок кој ги обработува, локомоторниот систем кој со допирите е поттикнат на рефлексно движење, па постапно учи свесно да ги координира рацете и очите според изворот на звук и допир, па до кардиоваскуларниот систем кој поради возбудување, обработка на информации и движење на телото, почнува поактивно да работи и побрзо да го снабдува телото со дополнителните количини кислород.

„Чувството на допир е еден од начините како бебињата по раѓањето го запознаваат светот и луѓето околу себе. Допирот е важно сетило и емоционално искуство. Тоа е многу интимен и интензивен начин на комуникација помеѓу детето и личноста што се грижи за него. Масажата на бебето е еден облик на комуникација кој создава нежен и интензивен однос помеѓу родителот и детето. Преку допирот развивате емоционален однос, чувство на доверба помеѓу вас и детето, давајќи му на бебето чувство дека е сакано, заштитено и дека се внимава на него. Освен тоа, масажата поттикнува активност на нервот вагус, со што се поттикнува метаболизмот, лачењето на хормоните важни за варење, како и намалување на нивото на стрес (хормонот кортизол), преку поттикнување на ослободување ендорфин и окситоцин. Нивото на окситоцин е поврзано со чувството на опуштеност – вели Лана Новота, магистер по кинезиологија и кинезиотерапевт, која го снимила видеото со наслов „Магијата на допирот“.

Еве и неколку правила за масажа: масирајте го помеѓу детето два оброка бидејќи тогаш нема да биде ниту премногу сито ниту премногу гладно. Избегнувајте масажа непосредно пред пладневното и вечерното одење на спиење бидејќи може претерано да се стимулира детето кое е веќе поспано. Ако вашето дете често и многу јаде, можеби се прашувате кога е добро време за масажа? Секое дете има фаза на будност и спремност. Одбирајте ги тие моменти и спроведувајте ја масажата сè додека тоа му одговара на детето.

Пред почетокот на масажата подгответе се. Измијте ги рацете, истријте ги и загрејте ги. На рацете ставете масло. Користете исклучиво масло за бебиња. Можете да ја реализирате масажата по капењето, но можеби е подобро тоа да се направи и претходно. Имено, топлата вода ќе ги отвори порите и ќе им дозволи на хранливите состојки да се впијат, а вишокот маснотии ќе се измијат.

Извор



912

X