Карантинот поради Ковид-19 предизвика многу мајки да станат наставнички преку ноќ, а повеќето од мајките во САД се под стрес поради организирањето на распоредите и слично. Но, како се чувствуваат татковците во врска со стресот предизвикан од онлајн-наставата?

Според спроведените анкети, 93 отсто од мајките велат дека прават повеќе за децата во однос на грижата во споредба со татковците, но неодамнешно истражување покажало дека татковците не се согласуваат. Речиси половина од татковците одговориле дека тие поминуваат повеќе време со децата во врска со учењето од дома отколку нивната партнерка, но 80 проценти од анкетираните мајки одговориле дека мајката ја има главната улога.

Па дали татковците го преценуваат нивниот придонес или мајките ги потценуваат татковците?

Кога биле анкетирани повеќе од 3 илјади мајки во март, 63 отсто од нив рекле дека товарот од грижата за децата и домашните обврски се на нивниот грб. Други 30 проценти рекле дека ги споделуваат со партнерот, а само 4 проценти рекле дека нивниот партнер придонесува повеќе во таа смисла.

Откако се појави пандемијата, има промена во тие бројки. Регистрирано е покачување од 12 проценти во поделбата на домашните обврски, додека 42 отсто од мајките рекле дека ги делат обврските со партнерите. Но, бројките што мајките ги обезбедуваат сè уште не го доловуваат она што татковците го изјавиле во анкетата, која не е единствена.

Неодамна објавена анкета на Даниел Л. Карлсон, социолог од Јута, открива дека додека мајките велат оти нивните партнери се вклучиле повеќе во извршувањето на обврските, мајките помалку пријавуваат дека татковците го зголемиле нивното време во давањето грижа на децата или кон домот, за разлика од татковците, кои почесто го признаваат трудот на мајките.

Со години се уочува дека генерално татковците сакаат да бидат еднакви партнери, но потфрлаат што се однесува до обврските околу грижата за децата. Сепак, има фактори што доведуваат до тоа. Некои од нив (како седењето прекувремено на работа, обврски надвор од работа) се отстранети, па татковците имаат можност да дадат поголем придонес. Но, бројките сугерираат дека татковците сè уште не го признаваат невидливиот труд на мајките. Чувствуваат дека прават толку многу, но нивните партнери сè уште се борат.

Заклучокот е дека мајките се учени од нив да се очекува да прават повеќе. Се очекува да се жртвуваат на начин на кој мажите не постапуваат и на начини кои некогаш и не ги гледаме. Но, има и добри вести: татковците прават повеќе, а иако поделбата на обврските сè уште не е 50/50, оваа пандемија можеби е почетната точка за таа промена. Ако излеземе од оваа ситуација со политики кои ги поддржуваат сите родители, еден ден можеби анкетите ќе покажат што сакаат и татковците и мајките: еднаквост во домот.

Автор: Хедер Марко

Извор



912

X