Марко Аврелиј ја посветил својата прва книга „Медитации“ на набројување на влијанијата во животот и што научил од нив. Голем дел од неговата благодарност е упатена кон неговиот татко што го посвоил, Антонин Пиј. Но, истото е вистинито и во обратна смисла – родителите, исто така, учат од своите деца. Неодамна Бонисиле Мгиди објавил твит за тоа како би изгледала обратната верзија на „Медитации“, па ги споделил сите работи што ги научил од татковството – и тоа со голема искреност:

1. Да се биде родител на бебе е поврзано со измет. Каква боја е изметот, кога последен пат детето какало, дали се мачи додека го прави тоа, дали има доволно пелени за 10 пати какање? Дај да направам фотографија од неговиот измет за да му покажам на лекарот. Сега нашата галерија со фотографии е преполна со измет.

2. Ќе има парчиња облека кои бебињата ќе ги облечат само еднаш пред да ги надраснат. Тоа боли. Обидувајте се да не купувате скапа облека.

3. Не сте фрустрирани, само не ви се насмеале. Без разлика колку сте фрустрирани, бебињата ќе ве омекнат со само една насмевка. Манипулативни мали безобразници.

4. Резервната облека за бебето е идеална, но резервната облека за вас е уште поважна. Ќе повратат на вас и ќе се смеете. Но, лошо изгледа дамката од повраќаница на маица.

5. Треба да имате дата-база со 24 часа достапни медицински средства и лекови. Обидете се со аптеките во болниците, тие обично се отворени 24 часа или затвораат многу доцна. По некое време, вработените ќе ви го знаат името.

6. Читајте за родителството, многу. Имајте книги за таа цел или следете онлајн-курс. Ја препорачувам „Прирачник за грижа за бебиња и деца“.

7. Креирајте плеј-листа. Јас имам плеј-листа за случаите кога бебето е луто или вознемирено. Сум ја тестирал и на бебињата од пријателите. Бебињата ги сакаат овие песни. Еве линк до плеј-листата.

8. Можеби мислите дека сте добра личност, но всушност вие сте садист кој наоѓа радост кога вашето бебе одбива други луѓе и ве сака само вас.

9. Овие „работи“ секогаш се обидуваат да умрат. Ваша работа е да ги спречите. Ќе сакаат да се превртуваат од креветот, да го гризат врвот на полначот за лаптоп, да проголтаат паричка. Вашата задача е да ги надгледувате и да ги спречувате.

10. Вашата рутина целосно ќе се промени. Ако ви е достапна поддршка, искористете ја. Ако можете да си дозволите дадилка, ангажирајте ја. Ако се занимавате со бизнис, водете се по вообичаените крајни рокови и додајте ден или два. Ако имате клиенти со разбирање како моите, дури можете и малечкото да го донесете на неколку состаноци.

Откако има бебе, Бонисиле станал многу посвесен за времето – дека го нема. „Задоволствата во кои сте уживале сега се прекинати и крајните рокови се продолжени. Тоа беше најголемата лекција за мене“, изјавил тој. „Знам дека звучи глупаво бидејќи што всушност очекуваме? Бебето е секогаш тука, не е нешто што можете да го користите одредено време. Тука е и бара внимание и љубов постојано. Не треба да бидеме изненадени од тоа, иако е малку чудно што едно суштество е толку зависно од нас.

Да се има бебе за време на пандемија е уште повеќе исполнето со предизвици, но да се биде татко во овој период, си има и свои предности. На пример, Бонисиле и неговата партнерка работат од дома, па се многу вклучени во одгледувањето на Михла.

фото извор: Instagram/Bonisile Mgadi

„Знам дека има 90 проценти шанси да бидам присутен следниот ден, за со партнерката да се грижиме за детето. Млади сме и секогаш се трудиме да се приспособиме на нашите карактери. Не сме поделени 50-50. Некогаш јас сум 30, таа е 70 и обратно, се поддржуваме и споделуваме одговорности. Се менуваме во текот на ноќта, една ноќ јас се грижам за бебето, една ноќ таа“, вели тој.

Автор: Аустеја Акавицкаите и Лорас Лауринавичиус

Извор



912

X