Колку време децата треба да поминуваат пред екрани е секогаш жестока дебата. Научниците и лекарите предупредуваат дека екраните треба да им се воведуваат на децата што е можно подоцна и во помала мера. Но, и покрај ова, многу родители користат екрани како „електронски бебиситерки“ за да си го олеснат секојдневниот живот.

Фил Мекензи, татко на четири деца и фитнес-тренер, решил да истражи колку екраните навистина се штетни за развојот на неговите деца. Заедно со сопругата решиле да спроведат експеримент во кој сите членови на семејството живееле без екрани еден месец – без телефони, таблети и телевизори. Она што го откриле било изненадувачко.

-Како родител кој претходно никогаш не веруваше дека ќе бидам застапник за „време без екрани“, искрено можам да кажам дека моето мислење се промени – истакнал тој.

Во видеата и блоговите што ги споделил со своите 400.000 следбеници на „Инстаграм“, тој ги опишал извонредните промени што ги забележал кај неговите синови, сите на возраст под седум години. Тој истакнал дека момчињата помалку се борат, а повеќе соработуваат во смислувањето креативни игри. Нивната концентрација и внимание се подобрени, поради што играат подолго и со поголем интерес.

-Порано играчките ќе им се здосадеа за две минути, дури и да беа нови. Наместо телевизорот да биде во центарот на вниманието, тие со задоволство излегуваат надвор да си играат во дворот. Семејната динамика се промени на подобро. Оброците сега се помирни и попријатни. Одбиваа да јадат и не можеа да седат мирни. Постојано нешто ги вознемируваше. Децата се помалку склони кон изливи на гнев. Исто така, тие се вљубија во читањето, кое претходно било мака.

Откако почнав со ова, навистина верувам дека промените се длабоки и толку драматични што го охрабрувам секој родител барем да направи сопствено истражување, да размисли за сопствената употреба на екранот. Повторувам, никогаш, никогаш не сум замислувал дека ќе бидам застапник на времето „без екран“, но мислам дека неверојатната работа во животот и родителството е тоа што имаме способност постојано да учиме, да се приспособуваме и да се менуваме ако сакаме – забележал Мекензи во објавата.

-Оваа промена го подобри и го унапреди нашиот родителски живот на начини кои никогаш не можевме да ги замислиме – заклучил Мекензи.

Извор



912

X