Програмите на училиште се скроени како да ги мразиме децата. Во мое време или во времето на Никола Тесла, во прво одделение броевме до 20 и разбиравме. Некои деца можат да го направат тоа, но некои не разбираат. Нечија интелигенција се развива побрзо, а кај некого побрзо се развиваат емоциите. Емоциите се многу важни, а во училиштата забораваме дека имаме работа со луѓе.

И потоа:

Од прво одделение организираме борби за оценки и натпревари, а не ги учиме децата да соработуваат. Без разбирање, договор, толеранција… нема ниту грабеж.

За математика ги прекоруваме кога ќе згрешат. Децата треба да се научат да си играат со математиката, а не само да им се отежнува. Малку се оние што креираат свои програми и методи во сиот тој хаос. Не можеме да ги прифатиме.

Дете до 6 години живее во сегашно време. Тие што прават програми не знаат ништо за тоа. Пример се часовите за минато време во петто одделение, каде што им се кажува дека се сметало вака и така… Иако повеќето можеби не го разбираат тоа, програмата продолжува…

Првенците се деца што треба да имаат максимално развиени способности, но тој орден не го гарантира нивното однесување во другите сегменти од животот. Ниту едно министерство досега нема спроведено истражување за тоа што се случило со сите тие првенци подоцна во животот. Никој не знае како поминале првенците од основно училиште во средно. Но, тој орден сѐ уште постои.

Во училиштата има околу 10% деца со дисхармоничен развој и зголемен број деца со пречки во развојот. Секое дете е способно за нешто, но споредбата со деца со типичен развој е несоодветна. Ним им треба различна помош и пристап.

Некои се запишуваат во средно каде што не им е местото, каде што не им одговара. Ако сме рационални, мора да го контролираме тој производ и да не се водиме од општествениот мир. Никој не проценува што се случува со нашите производи (деца).

Се прашувам дали ние во училиштата си ја работиме работата или, пак, некоја социјална комедија наречена политичка приказна. Многу наставници не гледаат поента во многу работи, но штрајкуваме само за плати, не за грубост и за професионална слобода.

Автор: проф. д-р Светомир Бојанин/ невропсихијатар

Извор



912

X