Воспитување

Стив Џобс им забранил на своите деца една работа – сметал дека е крајно штетна

Колку сте зависни од вашиот мобилен телефон? Колку време поминувате пред екранот? Дали би им дозволиле на вашите деца да го прават истото? Стив Џобс сметал дека тоа не е добра идеја, па им забранил на децата да користат „ајпад“ и „ајфон“, односно општо секаква технологија.

Во 2010 година новинар на „Њујорк тајмс“ разговарал со Џобс и дознал многу за животот на основачот на „Епл“. Ник Билтон коментирал: „Вашите деца сигурно го сакаат ајпадот, нели? Џобс одговорил: Не го користат. Ја ограничуваме количината на технологија што нашите деца ја користат дома“.

Според Волтер Ајзаксон, авторот на биографијата на Стив Џобс, семејството повеќе се фокусирало на историјата или читањето, како и на активности кои имале врска со технологијата. Волтер разговарал со Џобс и објаснил: „Секоја вечер Стив инсистирал на заедничко јадење вечера на масата. Потоа се разговарало за книги, историја и разни други работи. Никој никогаш не извадил ајпад или мобилен телефон. Децата не изгледаа зависни од тие уреди“.

Џобс не е единствениот

Голем број извршни директори и истакнати личности на компаниите од Силициумската долина значително го намалуваат времето што нивните деца го поминуваат во контакт со технологијата.

На пример, Бил Гејтс не им давал мобилни телефони на своите деца додека не наполниле 14 години. Покрај тоа, во неговиот дом било забрането користење на мобилни телефони за време на ручек, вечера и пред спиење.

Препораката на Американската академија за педијатрија е користењето на технологијата да се ограничи според возраста на децата, бидејќи постои голем страв дека употребата на апарати ќе стане компулсивна и неконтролирана. Според авторите на „Screen Schooled“ и неколку поранешни вработени во технолошки компании, кога се користи компулсивно, технологијата ја задушува креативноста и ги ограничува социјалните односи.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top