Спиењето кај другарче е голема радост за малите, но психијатар тврди дека токму таквите „екскурзии“ можат да претставуваат и скриени опасности.
Во принцип, многумина од нас имаат позитивни асоцијации со ноќни забави и спиење кај другарчињата. Има толку многу забава во тие целовечерни дружења, нели? Да останете будни до доцна, да се смеете додека не ве заболи стомакот… може да биде навистина фантастично.
Но, ако сте доволно искрени, можеби ќе имате и неколку непријатни спомени од тие искуства. Така, додека некои родители сметаат дека спиењето кај другарче е одличен начин за нивните деца да станат независни и можност за слободно време за себе, детскиот психијатар д-р Митнаул на својот тик-ток профил зборува за тоа зошто мисли дека спиењето кај другарче е потенцијално штетно за нормалниот раст и развој на неговите деца.
Иако не секој доживува траума додека ја поминува ноќта со другарите, тоа не значи дека немате некои лоши спомени од тие времиња. Можеби тајните им биле предвреме откриени на пријателите со кои не сте биле блиски, а следната недела на училиште се претвориле во огромни негативни озборувања.
Можеби некој ве принудил да ги поместите вашите граници, за кои не сте биле емотивно подготвени да ги поместите. Понекогаш, едноставното спиење надвор од дома води до нешто толку опасно како консумирање алкохол. Покрај сето тоа, спиењето кај другар навистина ни ги уништува сите рутини. Се разбира, вашето дете би можело да се забавува таа ноќ со своите другари. Но, колку е тежок следниот ден и следната вечер за сите во вашето домаќинство, вклучително и за вас?
Сепак, не сите интернет-корисници беа задоволни од говорот на д-р Митнаул за оваа популарна детска активност.
Имено, видеата со име „#5 работи“ моментално се популарни на „Тик-ток“. Родителите и професионалците на „Тик-ток“ споделуваат пет работи што никогаш не би ги направиле или никогаш не би им дозволиле на нивните деца да ги прават. На пример, стоматолозите зборуваат за пет работи што никогаш не би ги изеле. Дизајнерите на ентериер споделуваат пет работи кои никогаш не би ги ставиле во своите домови. И многу, многу родители споделуваат пет работи кои никогаш не би им ги дозволиле на своите деца.
Пет работи споделил и д-р Митнаул, па кажал што тој никогаш не би направил во својот дом или со своите деца. Неговата петта ставка „забрането спиење кај другарите“ наиде на лавина реакции од родителите.
Зошто д-р Митнаул не дозволува преспивање кај другарчињата?
– Спиењето често им дава можност на децата да се вклучат во разни несоодветни активности. Значи, ако мојата намера е моето дете да има добри и блиски односи со своите врсници и јас да имам блиски односи со моето дете, ќе се погрижам да прави такви работи во ситуација и во време кое е најдобро за него за да не се соочи со траума од која можеби ќе треба да се лекува до крајот на животот – објаснува д-р Митнаул.
Исто така, Митнаул смета дека вреди да се напомене дека не забранува спиење секаде. Како што вели, клучот за безбедноста на детето е присуството на внимателен и љубезен возрасен. Митанул прави исклучоци за бабите и дедовците, тетките и чичковците. Неговата најголема грижа се поголемите забави, каде што можеби не сте многу блиски со родителот на другото дете или каде што родителот можеби всушност не го познава вашето дете.
Знаци на неодамнешна траума
Некои родители може да се потсмеваат за овој вид размислување. Многу луѓе пораснале посетувајќи ноќни забави во домовите на нивните пријатели, па не се случило ништо. Сепак, психијатарот наведува кои се знаците на траума кај децата што може да укажуваат дека нешто лошо се случило за време на ваквите дружби:
Анксиозност поради разделба;
Намалена желба за игра;
Лошо расположение;
Нарушување во исхраната;
Чувство на беспомошност/пасивност;
Раздразливост;
Повторувачка/посттрауматска игра;
Нарушувања во сонот;
Вие го познавате вашето дете подобро од кој било друг. Така, дури и ако детето не покажува ниту еден од овие знаци, но сепак чувствувате дека нешто не е во ред, разговорот може да помогне. Без разлика дали веќе дозволувате спиење или планирате да дозволите во иднина, важно е да запомните дека лошите искуства може да се случат насекаде.
912