Кои се најчестите причини за појава на зголемена телесна температура кај децата?


Причините за појава на зголемена телесната температура може да бидат најразлични, но во овој период од годината во најголем број од случаите станува збор за воспалителен процес на дишните органи. Зголемената температура сама по себе не е болест, туку е знак за болест, бидејќи покажува дека нешто се случува во организмот на детето, објаснува прим. д-р Искра Лазаревска, педијатар во „Ре-Медика“..
Нормалната телесна температура се менува во текот на денот. Најниска е наутро, помеѓу 4:00 и 6:00 часот, а највисока во вечерните часови помеѓу 18:00 и 20:00 часот. Центарот за терморегулација се наоѓа во мозокот и неговата основна улога е да ја одржи температурата помеѓу 36,1°С и 37,0°С. Физиолошкото варирање на телесната температура во текот на денот е околу еден степен, додека во тек на интензивна физичка активност температурата може да порасне и за два степена. Треба да се потенцира дека зголемената температура е дел од одбранбениот механизам на организмот и помага во борбата со болеста. Центарот за регулирање на температурата кај новороденчињата, доенчињата и малите деца е недоволно развиен, па премногу облека или претопла просторија доведуваат до пораст на телесната температура.

Кои се првите чекори што треба да ги преземат родителите кога нивните деца имаат зголемена телесна температура?


Основно е да се внимава на доволен внес на течности, како и на исхраната, облекувањето, физичката активност и давањето лекови за намалување на температурата.

Хидрација

Состојбата со зголемена телесна температура, независно од која причина е настаната, е проследена со зголемен губиток на течности поради интензивното потење и забрзаното дишење како механизам за намалување на температурата. Доколку во рамките на инфектот е засегнат и гастроинтестиналниот тракт, односно имаме повраќање и течни столици, појавата на дехидратација е реален ризик.
Состојбата дополнително се влошува доколку има губиток на апетит и намален внес на течности.


Исхрана

Вообичаено детето со температура е со послаб апетит и не треба да се присилува да јаде. Губитокот на апетит обично трае 3-4 дена и не е алармантен знак. Препорачливо е да се дава храна богата со јаглехидрати (препечен леб, засладени напивки, овошје).


Облекување

Треба да биде приспособено, односно што помалку облека за да се овозможи непречено оддавање на топлината преку кожата. Претоплувањето на фебрилното дете може лесно да доведе до уште поголемо зголемување на температурата.

Физичка активност

Потребно е мирување бидејќи преголема активност придонесува за зголемено создавање топлина.


Антипиретици

Температура помеѓу 37°С и 38,5°С се смета како супфебрилна, кога не се препорачува давање лекови за намалување на температурата. Нивното давање се препорачува доколку температурата достигне вредности над 38,5°С.
Тука спаѓаат лекови од групата на парацетамол, далерон, ефералган во доза која се одредува според телесната тежина и се дава на секои шест часа, односно не почесто од четири часа помеѓу две дози. Исто така, и лекови од групата на ибупруфен чија доза се одредува според телесната тежина и се даваат на осум часа, односно не почесто од шест часа помеѓу две дози.

Колку е важен редовниот внес на електролити кај децата при зголемена телесна температура?

Функционирањето на човечкиот организам, вклучително и организмот на децата, претставува рамнотежа од внес и губиток на течности, поточно колку течности губиме, толку треба и да се надоместуваат. Во течностите се наоѓаат растворени одредени минерали, како што се натриум, калиум, хлор, магнезиум, калциум, бикарбонати, фосфати, кои заедно ги нарекуваме електролити. Тие, меѓу другото, имаат улога и во правилната распределба на водата, како и во правилното одвивање на сите метаболни процеси во организмот. Процесите што влијаат врз губитокот и на надоместувањето на течностите и електролитите во здравиот детски организам се добро избалансирани, а нивното нарушување може да доведе до дехидратација.


Што е дехидратација?


Дехидратација е состојба кога има поголем губиток отколку внес на течности. Паралелно со губитокот на течности има и губиток на електролити, што резултира со нарушување на правилната распределба на течности, односно доаѓа до компримитирање на сите метаболни процеси. Овие процеси може да се одвиваат брзо или бавно. Потребно е да се напомене дека доенчињата и малите деца полесно дехидрираат во однос на поголемите деца и возрасните поради фактот дека нивниот организам содржи поголема количина течност. Има повеќе причини за настанување на дехидратација, а состојбата на зголемена температура, односно фебрилност е една од нив. Фебрилноста ги следи како вирусните така и бактериските инфекти. Независно од која причина е настаната, оваа состојба е проследена со зголемен губиток на течности поради интензивното потење и забрзаното дишење како механизам за намалување на температурата. Состојбата дополнително се влошува доколку има губиток на апетит и намален внес на течности.

Дали ги препорачувате и кои се предностите на Алвоген О.Р.С. електролитите при зголемена телесна температура кај деца?

Алвоген О.Р.С. (орален рехидратационен раствор) се користи за едноставно спречување и лекување на дехидратации, состојби предизвикани од прекумерен губиток на соли и вода во организмот. Тој е во форма на шумливи таблети кои имаат благ и пријатен вкус, сличен на лимонада. Растворот лесно се подготвува (со растворање на таблета) и се применува еднакво ефикасно и кај децата и кај возрасните.
Потребно е да се дава и при најмали знаци на дехидратација за да се спречи понатамошно влошување на состојбата.
Алвоген О.Р.С. во својот состав ги содржи сите неопходни соли и минерали, во правилен сооднос со неопходната количина течност. Се пие полека, голтка по голтка, во континуитет, бидејки на тој начин најдобро се апсорбира во организмот. Растворот се пие онолку пати колку што е потребно за да се повлечат знаците на жед. Минималната количина за користење е 100 милилитри, независно од телесната тежина на детето.

(Комерцијална објава)



912

X