Воспитување

Како мажите повеќе да се вклучат во домашните обврски?

Со мерките за седење дома и комуницирањето и работењето од дома многу семејства имаат нови домашни договори и обврски со цел балансирање на работата и семејството. Семејствата практично „жонглираат“ со учењето од дома, грижата, домашната работа и платената работа. Бидејќи мајките во најголем дел ги завршуваат повеќето обврски, има потенцијал тие да бидат дополнително оптоварени и да се заостри нееднаквоста во распределбата на домашните обврски. За да не дојде до тоа, потребно е мажите повеќе да се вклучат. Ова е листа со работи во кои тие може да дадат поголем придонес и да преземат одговорност.

1. Комуникација

Првиот чекор во креирање поеднаква средина во домот е да зборувате со вашиот партнер. Ова е важно бидејќи вашиот партнер ги менаџира сите обврски, па ќе може да ви ги даде важните информации во однос на тоа што треба да се заврши дома и на кој начин можете да се вклучите. Запомнете, сигурно постојат голем број работи и активности за кои не сте ниту свесни. Истовремено, сигурно има многу промени и нови ситуации со кои ќе треба да се справите. Ова е важно време да се договорите и да работите заеднички во справување со новата реалност.

2. Не мислете на ова како на „помагање“ на партнерката

Татковците не се бебиситери или асистенти на мајките. Ако сакаат да го споделат товарот, тогаш не треба да мислат на овие работи како на дополнителни обврски, Едноставно треба да учествувате. Ако се сметате себеси за помагач, тогаш ќе чекате за насоки. А ако секогаш прашувате за насоки, тогаш ќе ја изморите и фрустрирате партнерката, па подобро ќе ѝ биде самата да ја заврши работата.

3. Обидувајте се повторно и повторно

Сè се учи. Ако не сте менувале пелени, не сте го бањале детето, не сте готвеле и слично, ќе ви биде потребно малку време за да ги научите овие работи. Но, тоа не е научна фантастика. Ако се посветите и навистина сакате да научите, нема да ви биде толку тешко. Бидете трпеливи и со себе и со партнерката. Можеби ќе се фрустрира ако грешите, но имајте трпение. Инсистирајте партнерката да ве остави да ги совладате работите.

4. Не станувајте дефанзивни

Вашата партнерка е експерт и има лекции за споделување. Не станувајте дефанзивни ако таа ве критикува. Слушајте. Побарајте насока. Научете. Не плашете се да ги направите нештата на ваш начин. Ако видите дека нешто успева, тогаш постапувајте така и кога партнерката ќе праша, објаснете зошто сте направиле така и дека исходот е позитивен. Запомнете дека споделените домашни обврски подразбираат и константна комуникација, секогаш.

5. Бидете флексибилни

Ова не е порака само за мажите, туку и за жените – како ќе успеете да си ги завршите вашите обврски и да се грижите за децата, да бидете нивен учител и да ги завршите домашните обврски? Повторно, почетната точка е комуникацијата. Секоја вечер дискутирајте за обврските за следниот ден и како да се приспособите на потребите. Направете го она што го можете, како што можете. Ова значи да поставувате приоритети, а понекогаш и да ги оставите работите што не се приоритет.

6. Ако можете, направете нешто заедно

За да се избегне едниот партнер да биде премногу оптоварен, обидете се заедно да извршувате некои задачи. Ако е време да се исчисти домот, обидете се да ги поделите обврските и заедно да работите. Иако често обврските се делат на „машки“ и „женски“, сепак, можно е да дојдете до заеднички решенија и распределбата да биде правилна, за сите да бидете задоволни.

Во овие времиња партнерите имаат можност да почнат одново и да направат реорганизација на обврските. Иако новата ситуација што ни се случува нема да трае засекогаш и полека ќе се вратиме во нормала, распоредот и шемата што ќе ја воспоставите сега може да продолжат и понатаму. Поголемиот дел од мажите во САД сакаат да ги делат домашните обврски и грижата за децата со нивните партнерки. Сепак, структурните бариери, како недостиг на флексибилност на работното место и недостиг на време, го спречуваат сето тоа. Но, таа бариера сега е отстранета за многумина. Мажите се дома. Време е да се покажете, момци.

Автор: Даниел Л. Карлсон

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top