Покрај извонредно важните мерки за хигиена, во кои спаѓа редовното и темелно миење на рацете, како и редовната употреба на дезинфекциски средства, обрнете внимание и на исхраната. „Внесувајте намирници што го зајакнуваат имунолошкиот систем, а тоа се лимонот и лиметата, кои се едни од најдобрите извори на витамин Ц и антиоксиданси и помагаат во алкализација и детоксикација, Пијте лимонада пред секој оброк. Јадете супа од коски, богата е со витамини и минерали и смирувачки влијае врз респираторниот систем, советува нутриционистот-диететичар Јована Срејиќ-Ферлуга од Србија, а потоа објаснува на кои начини влијае лукот врз имунитетот:

– Лукот ја зајакнува одбранбената сила на организмот. Слично како лукот, и кромидот има антивоспалително дејство.

Нутриционистот додава дека е корисен и јаболковиот оцет поради дезинфекциското дејство, дури и кон најотпорните бактериски видови и вируси. А можете да го користите за зачинување на салатата или за подготовка на пијалак. Корисно е и маслиновото масло како извор на моно незаситени здрави масти кои многу го зајакнуваат имунитетот. Нè прават отпорни и маслинките и авокадото, но и одредени зачини.

-Ѓумбирот е еден од најмоќните зачини што помагаат за намалување на воспалението, јакнењето на имунитетот, намалување на главоболките и намалување на болката. Додајте куркума во супите, чорбите. Додајте ѓумбир во лимонада, чај или овошно смути – советува нутриционистот.

Како влијаат босилекот, глуварчето, но и зелката и карфиолот

На листата со намирници што го зајакнуваат организмот се наоѓаат и многу зачински растенија, како рузмарин, оригано, босилек, темјан. Додавајте ги во салати, користете ги за маринирање и зачинување на месото. Кога се во прашање чаевите, пијте чај од ѓумбир, од маточина, од глуварче.

Нутриционистот Јована препорачува и печурки како суперхрана.

-Не треба да се заборави ниту зеленчукот како – карфиол, брокула, прокељ, зелка, кељ, рен, келераба. Оваа група зеленчук е богата со антиканцерогени, биолошки активни состојки. Друго многу значајно соединување кое го содржат е глукосинол, важно за јакнење на детоксификациската функција на црниот дроб.

Зошто се важни витамините Ц, Д и цинкот?

-Лимонот, лиметата, портокалот, мандарините, грејпфрутот, јагодите, ананасот, кивито, брокулата се многу богати со витамин Ц. Имајте на ум дека шеќерот е непријател на овој витамин, па затоа задолжително елиминирајте ја храната со рафиниран шеќер и намалете го вкупниот внес на јаглехидрати- додава Јована и препорачува:

– Потребна е и суплементација на витамин Д и К2. А дозата на витамин Д треба да биде помеѓу 5.000 и 10.000 интернационални единици. Земајте и 20 милиграми цинк на ден, а овој минерал го содржат семките, тиквите, пилешкото, лососот и говедското месо.

Важно е да се напоменат и есенцијалните масла, кои се сојузник на имунитетот: масло од евкалиптус, рузмарин, нане, темјан, оригано, здравец, цимет, мускатно оревче, бергамот, кипарис и етерично масло од чајно дрво. Таа ги издвојува и лековитите билки што имаат позитивно дејство врз нашата отпорност, а во нив спаѓаат: аспарагус, евкалиптус, пеперминт, маточина, селен…

Зошто е важно да не се јаде шеќер?

-Кога зборуваме за шеќерот и имунолошкиот систем, мораме да ја објасниме врската помеѓу шеќерот, витаминот Ц и имунитетот. Наједноставно кажано, шеќерот и витаминот Ц се натпреваруваат за да влезат во нашите клетки. Ако во крвта има премногу шеќер, овој витамин веројатно ќе ја изгуби трката бидејќи преголема количина шеќер може да го ограничи влезот на витамините во клетките. Како што веројатно знаете, витаминот Ц е многу важен за борба против слободните радикали и борба против патогени, како вируси, бактерии и други микроорганизми. Ако шеќерот го оневозможи неговиот влез, нашиот имунолошки систем слабее и станува ранлив – објаснува таа.

Но, затоа се препорачува добро да се наспиеме.

-На нашето тело му е потребен редовен сон за да се одмори, регенерира и обнови. Нередовниот сон доведува до замор, исцрпеност и намалување на концентрацијата. Меѓутоа, недостигот на сон исто така претставува стрес за организмот, го слабее имунолошкиот систем и доведува до настанок на воспалителен процес. Потребни ни се од 7 до 9 часа сон.

Не заборавајте на течностите

-Внесувањето течности и доволната хидратација се пресудни за нашиот имунолошки систем, циркулацијата, нервниот систем и работата на сите органи. Хроничната дехидратација може да предизвика собирање на премногу хистамини во телото. Зголемено ниво на хистамин, исто така, може да предизвика воспалителни процеси, алергии, главоболки, хронична болка, проблеми со варење и ослабен имунолошки систем. Последица на хроничната дехидратација е и зголемување на ризикот од настанување инфекции и болести. Потребно е да внесеме помеѓу 8 до 10 чаши вода на ден- истакнува нутриционистот и додава:

Ако вежбате или сте физички активни, поминувате време на сонце или во многу топла просторија, многу се потите, заздравувате од некоја болест или инфекција, потребно е да внесувате дополнителна количина течност.

Не заборавајте на физичката активност

Нутриционистот вели дека за имунитетот од пресудна важност е да се поминува време во природа. -Потребно е да бидеме физички активни најмалку 30 минути, пет дена неделно. Физичката активност ја стимулира циркулацијата, го зголемува снабдувањето на ткивата со кислород, придонесува за баланс на важните невротрансмитери, ги намалува стресот и напнатоста, а ги подобрува расположението и меморијата. Затоа, пронајдете начин што ќе ви помогне подобро да се справите со стресот!

И не заборавајте, доколку забележите некои од симптомите на коронавирусот, како треска, губиток на здивот, покачена телесна температура, сува кашлица, болка во грлото, не кревајте паника, туку обратете се на надлежните лекарски служби кои се единствени што можат да ви дадат меродавен совет.

Извор



912

X