Комуникацијата е основа на сите човечки односи, но не е секогаш само едноставно споделување информации. Постојат многу секојдневни ситуации кои вклучуваат убедување, преговарање, изразување мислења и постигнување договори. Дали воопшто треба да се спомене сето тоа? Ако имате едно или повеќе деца, сè ви е јасно.

Можеби понекогаш ви се чини дека е подобро да сте во некаква супериорна позиција за да одлучувате за сè, но факт е дека е важно и детето да научи да се бори. Токму така. Вештините за расправање се подобруваат како што децата растат, когнитивно созреваат и имаат повеќе можности за вежбање. Иако, знаеме дека никогаш не им недостигаат можности кога се во прашање родителите. Сепак, некои деца се чини дека веќе имаат вродена способност за разлика од другите деца на нивна возраст. Тоа не е добро за вас, знаеме, но исто така значи и дека детето е веројатно понапредно во однос на јазичните вештини. Но, сите може да ги подобрат своите социјални вештини и да постигнат одлични резултати – во расправија. Ова учење треба да се поттикнува и дома и на училиште.

Понуда на аргументи

Кога се обидувате да го мотивирате детето да изврши одредена работа, речениците како „затоа што јас реков така“ или „бидејќи јас сум твојата мајка“, не се доволни. Напротив, важно е да ги објасниме причините што стојат зад нашите барања. Слично на тоа, кога се обидуваат да нѐ убедат во некој проблем, многу е позитивно да ги прашаме децата – кои се причините што ги натерале да размислуваат на тој начин. Ова им помага да ги структурираат своите идеи и да ги презентираат појасно. Кога разговарате за нешто со нив, слушајте ги и прашајте ги за причините поради кои размислуваат на одреден начин.

Покажување почит

Важно е да запомнете дека кавгата всушност не е исто што и аргументирана расправија и дека целта не треба да биде „победа“ или наметнување на нашето мислење. За дискусијата да биде продуктивна, треба да се бара допирна точка и секогаш да му се обраќате со почит на соговорникот. Кој ќе ја изгуби оваа форма на пристап, го губи и својот ум. Во оваа смисла, несогласувањето и гневот не ни даваат право да повредиме или да нападнеме друга личност.

Слушање

Кога ги учиме децата да се расправаат, мора да ги научиме и да слушаат. Треба да го знаеме мислењето на другата страна и нејзините барања за да можеме да преговараме. За ова, важно е на децата да им се даде простор да се изразат уште од мали нозе. Ако го игнорирате вашето дете кога зборува, ги омаловажувате неговите идеи или му давате до знаење дека неговото мислење не е вредно поради неговата возраст, па многу е веројатно дека нема да може активно да слуша и кога ќе порасне.

Управување со емоциите

Понекогаш дискусиите нѐ вознемируваат и генерираат интензивни негативни емоции. Во оваа состојба не можеме јасно да се изразиме или да постигнеме договор. Можеме дури и да кажеме несоодветни зборови што навистина не сакаме да ги кажеме. Затоа, обидете се да ги научите вашите деца на едноставни техники преку кои ќе ги држат своите емоции под контрола, за да можат да се смират пред да одговорат. И, се разбира, не заборавајте да ги примените и сите овие наведени упатства.

Бидете позитивни

Асертивната или позитивната комуникација е многу корисна кога треба да ѝ ги пренесеме нашите желби и мислења на друга личност, особено ако тие се разликуваат од другите. За да им помогнеме на децата да го применат тоа, можеме да ги охрабриме да ги следат овие чекори:

-Кажете како се чувствувате, наместо да го напаѓате она што го направила другата личност.

-Наведете ги вашите аргументи со конкретни примери.

-Поставете јасни барања за она што го сакате.

-Нагласете ја придобивката што може да ја добијат и двајцата соговорници ако се постигне договор.

Важно е децата да видат дека возрасните се заинтересирани да ги слушаат и дека го почитуваме нивниот ред за зборување.

Вежбајте редовно

Како и секоја вештина, така и способноста за расправање мора често да се практикува за да се усоврши. Од истата причина, на училиште и дома, мора да им понудиме на децата можности за дискусија. Додека јадете заедно како семејство, можете да предложите тема за разговор и да дозволите секој да го изрази своето гледиште.

Дебата до успех

Мора да ги учиме децата на вештината на дискусија секој ден, а важно е да внимавате на сопственото однесување и динамика дома. Слушањето, почитта, смиреноста и самоувереноста не е секогаш лесно да ги примениме. Запомнете дека овие учења ќе ви овозможат да изградите поздрав однос со вашите деца и да ја одржите семејната средина помирна и постабилна. Но, освен тоа, на вашето дете ќе му дадете вредни алатки за да ги реши конфликтите со врсниците од одделението, како и да постигне успех во идната професија и работење.

Автор: Луна Николиќ

Извор



912

X