Преку играта, децата не само што ја изразуваат својата креативност, туку развиваат и клучни вештини кои им помагаат да се справат со предизвиците на растењето. Социјалната работничка и терапевт Лирика Филс-Аиме често дава совети за изразување на емоциите кај децата, особено кога се соочуваат со трауми и семејни прашања.
Во едно неодамнешно интервју за „Психологија денес“ таа открила како дозволувањето на децата да си играат со играчките, за време на терапијата со игра, може да го подобри пренесувањето на нивните чувства.
„Кога детето си игра со своите играчки за време на разговор, тоа се нарекува терапија со игра“, објаснува Филс-Аиме. Таа тврди дека тоа може да помогне во одржување и создавање здрави односи со возрасните.

Бидејќи на децата често им е тешко да ги изразат своите емоции пред возрасен човек, играчките се одличен начин за да ги споделат своите чувства. Но, социјалната работничка забележува дека терапијата со игра не подразбира само да му дозволите на детето да си игра со играчките како што сака, туку постојат одредени правила и упатства поставени од страна на терапевтите.
Дополнително, таа истакнува дека употребата на играчки за време на терапијата може да им помогне на децата да ги надминат траумите, семејното насилство и да им овозможи да се чувствуваат поудобно во друштво на возрасните.