Колку време поминувате со своето дете откако ќе се вратите од работа? Технички, потребни ни се околу 30 минути за да ја подготвиме вечерата, 15 минути да им прочитаме книга и само еден момент да ги бакнеме пред спиење. Меѓутоа, според експертите, меѓу сите овие периоди постојат три минути кои се најважни во текот на денот. Психологот Наталија Сиротиќ го објасни правилото „три минути“ и според нејзините зборови, ако го следите ова правило, ќе ја имате довербата од своето дете дури и кога ќе биде тинејџер.

Правило „три минути“

Правилото вели дека морате да се поздравите со своето дете секој ден како долго да не сте се виделе (иако не сте се виделе само пет минути додека сте биле во продавница). Освен тоа, важно е да бидете на ниво на очите на детето и да поминете три минути гушкајќи го и прашувајќи што го се случило додека не сте биле присутни. Многу е важно да го следите ова правило кога го земате детето од градинка, од училиште или кога се враќате од работа.

Зошто е важно тоа

Според зборовите на психологот, во текот на првите минути откако сте се виделе детето ќе ви ги каже сите информации што ги запомнало. Последиците од игнорирањето на правилото „три минути“ можат да се разликуваат во зависност од карактерот на детето. Детето што нема можност да им каже на родителите сè кога сака, нема да зборува за важни работи и со текот на времето некои факти ќе му изгледаат неважни за да зборува за нив. Во тој случај, родителите можат да не дознаат важни информации. Други деца ќе зборуваат цела вечер, потсетувајќи се на нови факти со текот на времето и на крајот ќе ја добиете целата приказна. Родителите на такво дете се под ризик да не слушнат многу работи затоа што говорот на детето, со текот на времето, за нив ќе се претвори во бучава.

Дополнителни препораки

Важно е да знаете дека правилото „три минути“ не значи дека би требало да поминете само три минути со вашето дете. Тоа значи дека морате да поминете три минути со него откако сте се сретнале за да чуете што има важно да ви каже. За да достигнете ниво на целосно разбирање со детето, би требало да ги следите следниве препораки на психологот:
– Секој ден правете нешто што ве интересира и вас и детето.
– Детето нека слушне дека го разбирате. На пример, повторете ја информацијата што сте ја слушнале од него за да бидете сигурни дека добро сте ја разбрале.
– Не покажувајте лажна возбуда.
– Вратете се малку подоцна на разговорот за тоа да знае дека сте запомнале за што сте разговарале.
– Избегнувајте долги и бескорисни расправии дури и кога се работи за нешто целосно очигледно за вас. Само кажете му на детето: „Во ред, разбирам дека не се согласуваш со мене“.



912

X