Бидејќи поимот траума е толку погрешно сфатен во нашата култура, живееме во општество со мноштво возрасни луѓе обвиени во срам. Од срам што не го разбираат сопственото однесување. Или што се заглавени во чувствата и обрасците чии корени достигнуваат до најраниот период. Главно надвор од дометот на свесното.

Траумата не е само едно застрашувачко случување. Траумата е кое било искуство со кое личноста не може да се справи, плус предизвикува нервниот систем да излезе од рамнотежа.

Траумата нема секоја личност да ја доживее на ист начин, па овие доживувања и не треба да се споредуваат. Не можеме да ги означуваме како „големи“ и „мали“, ниту помалку или повеќе валидни. Начинот на кој детето го процесира трауматското искуство зависи од способноста на родителите да ги регулираат сопствените емоционални состојби. Детето по принцип на моделирања се справува на сличен начин, а неретко по пат на дистракција, избегнување, користење супстанции, изливи на бес, влегување во односи со токсична динамика, затворање во себе…

За детето, и следните ситуации претставуваат траума:

-Родител кој го негира доживувањето на реалноста на детето.

-Родител кој не го гледа и не го слуша детето такво какво што е.

-Родител кој живее преку своето дете.

-Родителот кој му зборува на детето дека не смее и не би требало да има одредени чувства.

-Родител кој преку детето се обидува да разреши нешто од сопственото детство или младоста.

-Родител кој е фокусиран на физичкиот изглед, успех, имиџ.

-Родител кој не умее да ги регулира сопствените чувства.

Автор: д-р Никол Ле Пера, психолог и психотерапевт

Извор



912

X