Знаеме дека стилот на родителство за кој се одлучуваме, односно кој го применуваме, во голема мера одредува колку се „трошиме“ во тој процес. Со „ситервизинг“ можете и да се одморите.

Ако сте склони кон хеликоптер-родителство, нема да се одморите многу додека сте со вашето дете, а ни општо. Не постои такво нешто како премногу одмор дури и со авторитарен стил на родителство, не постои нешто како премногу одмор дури и ако се обидувате да практикувате поврзувачко родителство… Всушност, не постои такво нешто како премногу одмор во родителството воопшто. Но, понекогаш сепак можеме да направиме кратка пауза, само колку долго ќе биде тоа, зависи од нашиот однос кон родителството.

Она што може да ви донесе малку подолг одмор во денот е седењето. Зборот што го опишува споменатиот тренд се појавил во 2022 година, а станал популарен кога Сузи Алисон од Сиетл напишала за тоа на нејзиниот блог. Тој збор, некои може да претпостават, произлегува како кованица од зборовите „бебиситерка“ (babysitter) и „надзор“ (supervision).

На својот инстаграм-профил Лејна Роуз Кроули од Мисисипи неодамна објавила рецензија за овој тренд. Кога слушнала за него, веднаш се заинтересирала бидејќи, како што вели, „ѝ овозможил дозвола да не се занимава со своите деца“, изјавила Кроули.

-Ми се чинеше дека тоа ми отвори сосема нов свет.

Кроули го опишала овој метод, тренд или како сакате наречете го, како „дозволување на децата да играат самостојно без родителите да бидат вклучени во нивната игра“.

Самата таа со задоволство, често го применувала овој метод со нејзините два сина. Имено, таа се породила во 2018 година, а истата година посвоила мало дете.

-Не знаев што да правам со мало дете, а не знаев што да правам и со новороденчето, па тоа беше двојно непознато за мене – рекла Кроули.

-Тие бараа толку многу внимание и знаев дека имаат добра причина за тоа. Има толку многу активности во еден ден кои треба да ги примениме, па мораме да бидеме практични. И тогаш кога сфатив дека играта е нешто со кое можам да се опуштам – ​​тоа беше пресвртната точка.

Учење независност

Кога нејзините синови имале околу три години, Кроули почнала да ги учи децата за независноста. Тоа ѝ дало можност да се одмори повеќе во текот на денот. Таа играла со нив пет или десет минути за да ја задоволи нивната емоционална потреба од неа, а потоа се тргала настрана и момчињата продолжувале сами да играат. Некако, додека го читаме описот на овој тренд, не можеме а да не забележиме дека таквиот пристап ни изгледа прилично познат. Зарем нашите родители не го правеа тоа со нас? Пред една деценија, две, три? Па, можеби во малку поинаква форма, но се сведува на истото – децата играат сами, без учество на возрасните. И тогаш тој пристап се изгуби некаде… И сега повторно се враќа, очигледно.

Кроули, вели:

-Има еден цитат што го сакам: „Контролирајте ја околината, пуштете го детето“. Можете да седите секаде, во кое било време, додека има безбедносни мерки или затворен простор. Бидејќи со независноста доаѓа и слободата – а ситервизингот им овозможува на децата да си играат на забавни, креативни начини, над границите кои возрасните можат да ги постават. На овој начин децата измислуваат свои правила и учат за играта.

Кроули вели дека тоа им овозможило на децата да искусат малку слобода и независност и забележала поголема доверба и креативност кај нив, како и подобрување во говорот и социјалните вештини. Кога нејзините деца биле помали, таа редовно била исцрпена, а токму тоа е причината поради која започнала со новиот тренд. Сега кога нејзините синови се постари, 5 и 6 години, имаат повеќе слобода, па можат да одат и кај соседите, а таа ги гледа низ прозорецот во дворот.

Овој тренд довел до тоа тие да имаат повеќе слобода, да ја градат својата самодоверба, а и таа ја гради својата доверба во нив – знаејќи дека нема да влезат во неволја.

Експерти: Зошто е тоа тренд?

Експертите се согласуваат дека овој пристап може да им даде на родителите повеќе време за одмор, но важно е прво да се воспостави однос со приврзаност. На овој начин детето може да види дека родителот е присутен, а тоа е важно за градењето приврзаност. Но, иако родителот не учествува директно во играта, важно е тој да биде подготвен да „скокне“ доколку е потребно. Да, има делови за кои би рекле дека не се баш типични за нашите родители, но сепак овој концепт не изгледа како нешто ново.

Факт е дека овој пристап треба да се претстави пред денешната генерација родители и да се укаже на предностите. Нашите родители знаеле… А ние само се ажурираме. Инаку, психологот Саманта Родман Вајтен, која има свој профил на „Инстаграм“, вели дека овој тренд е целосна измислица. Но, не дека тоа не треба да се практикува, туку дека тоа е начинот на кој треба да функционираат работите воопшто, а не дека треба да биде тренд.

-Да, можете да седнете. Ситервизингот треба да биде сосема нормално функционирање, а не вирален тренд. Поради ваквиот начин на презентирањето на нештата, мајките се чувствуваат уште поанксиозно“, вели таа.

Ако некој вирален тренд треба да ни каже дека треба да се оддалечиме од децата и да не бдееме над нив, тогаш тоа автоматски ни врши притисок затоа што – која би била другата опција? Сè почесто мораме да го прифатиме мислењето дека денес од сè се обидуваме да направиме трендови и наука.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор



912

X