Не е необично родителите да се грижат за идните генерации и за планетата што тие ќе ја населат, но ново истражување посочува дека имањето деца не значи и дека родителот ќе стане понастроен кон заштита на животната средина, всушност, нештата се спротивни на тоа.

Нова студија спроведена во Шведска открила дека дури и оние што навистина се грижат за животната средина често ги менуваат своите приоритети откако се соочуваат со реалните состојби на родителството. Сепак, има одредено време и енергија во еден ден, па децата имаат начини да ги истрошат тие ограничени ресурси. Преку споредба на возрасни родители и возрасни лица што не се родители во Шведска истражувачите откриле дека домаќинствата го сочинуваат емитувањето на јаглероден диоксид од транспортот, храната, загревањето и електричната енергија. Тимот открил дека две домаќинства со деца се одговорни за над 25 отсто повеќе емисии на јаглероден диоксид за разлика од две домаќинства без деца.

– Нашите откритија посочуваат дека имањето деца може да ги зголеми CO2 емисиите, преку зголемување на популацијата, но и преку зголемувањето на емисиите од страна на оние што избрале да имаат деца – напишале авторите. Додавањето на уште еден човек на планетата во ова време неизбежно ќе ги зголеми емисиите на јаглероден диоксид, особено во побогатите нации, а во моментов мала фракција на возрасни лица избираат да немаат деца од еколошки причини. Ова значи дека има многу родители што се сметаат себеси за „зелени“ и чија главна цел и приоритет е заштитата на животната средина, иако нивното однесување не е баш во согласност со ставот. „Да се стане родител некогаш значи и трансформирање на личноста – тој и таа размислуваат повеќе за иднината и се грижат за идните ризици што им се наметнати на децата.  Но, додека имањето деца може да биде со трансформирачко влијание, нашите резултати сугерираат дека родителските грижи за климатските промени не предизвикуваат тие да бидат повеќе зелени од родителите што немаат деца – објаснува економистот Џејсон Шогрен од Универзитетот во Вајоминг.

Ова е прва ваква ригорозна студија во однос на темата. Но, сè уште е отворено прашање, а моменталните откритија треба да се верифицираат и кај другите нации во поголеми примероци.

Претходни истражувања обезбедиле измешани докази за тоа дали родителството ги менува ставовите на родителите за животната средина, како и однесувањето, но новата студија повторно врши евалуација на темата со уникатен дата-сет, вклучувајќи импресивни 4 илјади шведски домаќинства. Откритијата покажуваат „значителна празнина“ во емисиите со јаглероден диоксид помеѓу родителите и луѓето без деца, особено осврнувајќи се на транспортот и храната. Резултатите може да бидат изненадувачки, со оглед на тоа колку се прифатени климатските промени во Шведска – нацијата која има значителен данок за јаглероден диоксид кој луѓето со задоволство го плаќаат – но е добар потсетник дека дури и со најдобрите намери, родителите понекогаш не го согледуваат поголемото влијание од нивните дела. Сето ова не е целосно само нивна вина. Едноставно може да е до времето и енергијата, иако ова е само една теорија.

Извештаите за користење на времето во шведските домаќинства откриваат дека од сите луѓе, родителите со мали деца имаат најмалку слободно време, а тоа е вистина дури и за нација што има дарежливо родителско отсуство од работа. Тоа може да прави голема разлика. Производите што доведуваат до ослободување на јаглероден диоксид се евтини, објаснуваат авторите на студијата, а тоа прави да бидат искушение за родителите. Кога „жонглирате со барањата на семејството, возењето до продавница може да биде поедноставно отколку користењето на јавен превоз или велосипед. Веќе зготвените јадења што содржат црвено месо може да бидат повеќе пристапни и поедноставни, па и поевтини.

Да се сфати што е она што ги поттикнува празнините во однос на емитувањето јаглероден диоксид во животната средина меѓу родителите и луѓето без деца е клучно. Во светот не може да сопре добивањето деца, па политиките што го покренуваат стресот кај родителите со мали деца треба да се намалат за да им се дозволи на семејствата да имаат повеќе време и и пари за редуцирање на јаглеродните емисии во иднина. На пример, ако храната навистина е таков проблем во овие домаќинства, тогаш можеби владините субвенции за месни замени ќе бидат повеќе насочени кон редуцирање на штетните емисии. Како што владините политики за доење може да го намалат користењето на вештачко млеко, кое предизвикува шокирачки количини на штетни јаглеродни емисии.

Има и други објаснувања освен времето. „Потрошувачката на алтруистичните родители исто така може да има влијание врз преференциите на детето, на пример, вкусот за црвено месо, одење на семејни одмори и слично“, напишале авторите. „Децата може да бидат исто така загрижени за животната средина, што може да влијае врз потрошувачката во домаќинството. Иако децата во скандинавските земји се позагрижени за животната средина отколку родителите, постои значителна празнина помеѓу нивните ставови и дела“.

Иако студијата биле спроведена во само една земја, авторите сметаат дека нивните откритија се релевантни и за многу други нации во светот. „Ако овие резултати се откриени во Шведска, може да се претпостави дека слична е ситуацијата и во другите земји, особено во западниот свет каде што сигурно разликата во потрошувачката помеѓу родителите и лицата без деца е значително поголема“, вели економистот Линда Тунстром.

Автор: Карли Касела

Извор



912

X