Докторката и специјалист за исхрана Јагода Јорга од Србија е авторка на книгата „Диета за тинејџерки“, а за веб-страницата „Детињарије“ зборува за тоа како треба да се хранат тинејџерките:

– Најголема опасност на ограничената исхрана се недостигнувањето на максималниот раст во висина и развојот на поединечни димензии на телото, најчесто градниот кош. Потоа кај девојчињата често се јавува нарушување на менструалниот циклус, како последица на изразена слабост, но и недостигот од внесувањето масти. Како последица на разни популарни режими на свежо овошје и зеленчук се појавува анемија, а таа на различни начини го загрозува оптималното функционирање. Може да се набројува цел ден, но суштината е во тоа дека неправилната исхрана не е како грип, па симптомите да се видливи веднаш. Штетите често се одложени за подоцна во животот, а се и недофатливи, како недостигнување на максималниот раст…

Да ја скратам приказната, во овој период најопасни се оние диети што отфрлаат една цела група намирници, како што се, на пример, чист веганизам, диети само со свежи намирници, диети без јаглехидрати и месни диети, па нив никако не треба да ги применувате.

Родителите се тука да дадат поддршка. Би било добро да се обидат заедно со ќерката да ги најдат вистинските одговори. Со други зборови, кога и да постои проблем, добро е да се обратите на вистинската адреса за да ги добиете вистинските одговори – од педијатар до ендокринолог и специјалист за исхрана. Тие ќе знаат да ја дефинираат големината на проблемот, а тој често е сосема мал и решлив, со тоа што бара трпение, но понекогаш и промени во однесувањето на самите родители, што изгледа дека е најтешко.

Кога стануваме родители, не добиваме потврда дека во сѐ постапуваме правилно, а нашите грешки се гледаат на нашите деца како во огледало – мислам најмногу на навиките во исхраната и физичките активности. Ќерките се особено чувствителни на мислењето на таткото, па татковците мора да бидат многу внимателни кога се шегуваат со тежината на ќерката и целокупниот изглед. Значи, ако сакаат да им помогнат на децата, кои навистина имаат проблем, тогаш целото семејство мора да ги менува навиките во смисла на изборот на намирници и начините на подготвување на храната.

Треба да се воведе повеќе зеленчук, помалку разновидни теста, похувани работи и слично. И, се разбира, да не им се даваат на децата пари за појадок, туку да им се подготви оброк од дома. Кога е можно, треба да се практикуваат заеднички оброци, при кои никогаш не треба да се водат некои сериозни и тешки разговори“.



912

X