Често среќавам луѓе што се можеби во своите 20-ти, 30-ти години, па дури и 40-ти, но сè уште во себе се деца. Причината за тоа е што тие и понатаму ја чекаат љубовта што не ја примиле во доволни количини (или воопшто) во своето детство. Нема да пораснат сè додека не научат да го пронајдат тоа што ги прави среќни. Во моментот кога ќе почнеме да се чувствуваме чудно, престануваме да се развиваме. Љубовта и вниманието што детето ги бара од своите родители имаат различни облици, во зависност од годините на детето.

Детското чувство на доверба почнува да се појавува од мали нозе. Тогаш знаењето за љубовта било ограничено само на чувството дека мајката постојано се грижи за него. Ако тоа не добие доволно од оваа нега, голема е веројатноста дека кога ќе порасне, ќе има сериозни проблеми во односот со другите. Често ќе го тестира партнерот да ја потврдува неговата посветеност, да види колку може да му верува. Овој вид луѓе обично се чувствуваат ранливо, дури и кога имаат очигледно сакана личност покрај себе на која може да сметаат.

Кога детето е малку постаро, околу 2-3 години, тоа ги прави првите чекори кон независноста и способноста за самоконтрола. Ако неговите родители се мешаат во овие процеси, правејќи работи за кои и детето само е способно (или од него очекуваат повеќе отколку што може), може да развие трајно чувство на срам. Ако родителите вложат големи напори да го заштитат детето од светот околу себе и направат сè за него (а истовремено остануваат слепи за она што навистина му е потребно на таа возраст), можно е детето да почне да се сомнева во своите способности. Ова дете ќе прерасне во лице со ниска самопочит, кое ќе верува дека ги нема потребните вештини за самостојно да живее, па дури ни да се контролира себеси. Кога ќе порасне, наместо да биде сигурна во себе, таа личност ќе има постојани сомнежи дека другите гледаат во неа, дека никој не ја прифаќа, дека луѓето се сомневаат во нејзините мотиви и способности. Многу е веројатно дека ќе се развие опсесивно-компулсивно однесување и параноја (дека некој ги вознемирува или прогонува).

Кога имаат 3-6 години, децата се радуваат и ја очекуваат поддршката на родителите, но сакаат да бидат посамостојни. Сакаат признание за своето право да бидат љубопитни и креативни. Ако родителите не им дозволат на децата да бидат независни во текот на овој период (повеќе од претходните години) и/или претерано ги казнуваат затоа што сакаат работите да ги реализираат сами, па прават грешки, ќе развијат сериозно чувство на вина.

Луѓето што растат во вакво опкружување често патат од недостиг на самодоверба и одлучност – квалитети потребни за поставување и постигнување реални цели. Нивното постојано чувство на вина може да доведе до пасивност, чувство на немоќ и желба за интимност. Дури и до психопатско однесување.

Кога ќе тргне на училиште, детето обично развива чувство за тоа што значи вредна и напорна работа. Ако во овој момент детето се сомнева во своите способности или чувствува дека нема еднаков статус со врсниците, тоа може да ја загрози неговата подготвеност за понатамошен развој. Тоа, исто така, може да доведе до сериозно чувство на инфериорност, што долгорочно би можело да ја уништи неговата способност да функционира како нормална и самоуверена возрасна личност.

Ако во тој период детето дојде до заклучок дека неговите успеси на училиште и во целина неговиот иден професионален живот се единствените критериуми што ја одредуваат неговата вредност како човечко битие, тоа може да го направи „воркохолик“ и кариерист кој ќе занемарува многу од другите аспекти во својот живот.

Зборувајте со него

Време е за развој на меѓусебно разбирање. Прашајте го детето што сака. Дајте му го она што го сака. Кажете му неколку убави збора, изразете ја својата љубов кон него. Дружете се со него. Детето нека почувствува дека верувате во него. И задолжително слушајте го и, пред сè, ПОЧИТУВАЈТЕ ГО.

Бидете родител за кој отсекогаш сонувал.

Автор: Ирина Парфенова



912

X