Количината на родителската приврзаност и љубов многу влијае врз развојот на детето, но има одредени последици кои се видливи само во зрелата возраст. Како што објаснува психологот Карла Мари Менли, во текот на својата долгогодишна практика видела многу возрасни лица кои се соочуваат со одредени проблеми токму поради тоа што во детството не добивале доволно љубов од своите родители.

Имено, токму недостигот на љубов може негативно да влијае врз секој аспект од животот на детето, како во неговите најрани така и во подоцнежните години.

„Ако сте имале детство без љубов и вашите родители не ги задоволувале вашите емоционални потреби, не сте сами. Ова искуство е вообичаено, а ефектите можат да бидат длабоки и долготрајни. Имено, родителството и раните животни искуства ги поставуваат темелите за перцепцијата на детето за тоа што значи да се биде сакан и безбеден во свет кој често е збунувачки“, објаснува таа.

„Кога детето се чувствува запоставено, отфрлено или злоупотребено, кај него се јавува одредено чувство на несакање, кое има тенденција да влијае врз сите делови од неговиот живот“.

Но, што точно се случува кога на детето не му даваме доволно љубов во неговите најрани години? Психологот тврди дека најчесто се јавуваат следниве последици:

-тешко изразување на сопствените емоции и потреби
-недостиг на емпатија
-склоност кон судири и други конфликти со околината
-неможност за саморегулација
-преголеми очекувања од партнерот и односите во кои се наоѓа личноста
-тешко справување во животот, работата и врските во возрасна доба.

Извор



912

X