Колумна на Снежана Голиќ, педагог, за detinjarije.com
Постои една значајна разлика помеѓу денешните деца и нас.
„Што сакаш ретарду?“ – оваа реченица на децата им е нормална. Нема многу нови појави во растењето поради кои сум повеќе загрижена отколку што би била во 85-та година, но немањето свест за навредите може да прерасне во сериозен проблем. И порано другарите меѓусебно се „честеле“, но со доза хумор, а таа комбинација значеше – „ние сме блиски пријатели“.
Денес ситуацијата е различна, не мора да бидат блиски, не мора да се шегуваат, ниту да се насмевнат некому и да речат „дебилу“. Знаеме дека не можеме да ги менуваме другите, заостанати во развојот, кои до крајот на животот од навреда не преминуваат на аргументи – секогаш ги имало и ќе ги има.
Беше тоа знак за нас – овде немаш што да бараш. Новиот проблем не е во оној што изговара колку што е во фактот дека „почестениот“ не реагира. Тоа е денешен сленг. Тоа е „добар ден“. Тоа е стандард. Цел живот сум многу чувствителна на тонот на кој ми се обраќа некој. Директорот, или јас нему, сите знаат дека со повишен тон кон мене доаѓа и проблемот. Тоа ми спасило безброј пати. Никогаш не ја почувствував потребата да се „приспособам“, туку земјотресот, па уште ако е сеизмичко подрачје, беше најдобрата опција за мене. Не погрешив.
Како децата сега ќе го разликуваат меѓусебното (не)почитување?
Иако длабоко верувам во потенцијалните денешни деца и верувам дека ќе ме демантираат и ќе најдат 101 начин да го средат тоа кога ќе достигнат зрелост, сепак, не ми е пријатно кога ќе ги видам нивните преписки и кога ќе ги слушнам нивните разговори. Инстинктите ми говорат дека треба да реагирам, но не знам како да не предизвикам контраефект.
Дали е проблем? Што мислите, како тоа ќе се развива?
И не ги учеле така родителите, туку е виновна врсничката едукација и пренесување на тој начин на наученото понатаму – по редовното следење на интернет-хероите.