И покрај сите социјални мрежи, написи, есеи, па дури и покрај познатите личности од јавниот живот кои се обидуваат да ја отстранат таа стигма околу загубата на дете, сѐ уште нѐ изненадува фактот дека не знаеме како да разговараме со жените во такви ситуации.

За спонтаниот абортус на жените не говореле јавно дури ни нивните партнери, иако таа тема е далеку од табу. Но, за сѐ има причина. Меѓу 10 и 25% од бременостите, за жал, завршуваат со спонтан абортус. Тоа е, како што вели Џесика Цукер, психолог специјализиран за ментално здравје на жени од Лос Анџелес, „нормален исход од бременоста“, пишува „Хаферпост“.

И покрај сите социјални мрежи, написи, есеи, па дури и покрај познатите личности од јавниот живот кои се обидуваат да ја отстранат таа стигма околу загубата на дете, сѐ уште нѐ изненадува фактот дека не знаеме како да разговараме со жените во таква ситуација. Што значи дека жените кои се отвораат за своите искуства сѐ уште мора да ги поднесат сите видови ужасни одговори, кои придонесуваат тоа искуство да биде уште поболно.

Еве неколку стручни совети како треба да се разговара со жените што преживеале спонтан абортус.

На почнувај ја реченицата со „барем…“

– Една од работите што најмногу ме загрижуваат – а пациентите постојано ми ја кажуваат – е реченицата „барем знаеш дека можеш да забремениш“ – вели Цукер. Но, потсетувањето дека си забременила не е некаква утеха дека не си веќе бремена, а Цукер навистина верува дека тоа луѓето го кажуваат за да ја ублажат сопствената непријатност поради тешката тема. Останатите реченици што често се употребуваат се: „Барем се случи на почетокот“, „Барем имаш едно дете дома“, „Барем си млада и повторно ќе се обидеш“.
– Луѓето ќе споменуваат работи како „Ќе имаш уште деца“, вели Џејми Крејтер, лиценциран клинички терапевт од Чикаго, кој е сертифициран за перинатално ментално здравје. „Сите тие работи се замислени како зборови за поддршка и охрабрување, но жените жалат по своето бебе“.

Не претпоставувајте дека знаете како се чувствува мајката

Луѓето реагираат на различни начини на спонтаниот абортус. Некои жени чувствуваат длабок губиток. Некои преживуваат тага и депресија. Некои жени долго се борат со тие чувства. Некои не. Некои жени можеби не се чувствуваат особено тешко поради абортусот. Некои може да се чувствуваат амбивалентно. Некои може да почувствуваат олеснување.
Не претпоставувај дека знаеш низ што поминува жената по спонтаниот абортус и не зборувај работи како: „Мораш да се однесуваш како XY.“

– Често проектираме. Наместо тоа, едноставно на жените дајте им простор да го чувствуваат она што го чувствуваат и оставете им простор и време колку што им треба за тоа – вели Цукер.

Немој веднаш да скокаш да ја раскажеш својата приказна

Убаво е и важно што сѐ повеќе жени сакаат да ги споделат своите лични приказни за спонтаниот абортус, но тоа не би требало да го споменете пред жената која поминува низ истото. Понекогаш споделувањето на личното искуство може да обезбеди утеха и чувство на поврзаност; во други случаи може да предизвика отуѓеност.

Добро размислете пред да го споделите своето искуство и бидете чувствителни на реакцијата. Ако е јасно дека споделувањето на сопствената приказна нема да помогне, прекинете веднаш, советува Цукер.

Бидете флексибилни при собирите и настаните

– Семејните празници и годишнини можат да ги вратат симптомите на болка, дури и кога жената обично добро се однесува – вели Крејтер. Во практика би можеле да ја охрабрите жената која го сонувала својот прв Божиќ со нејзиното бебе, на пример, да го собере своето семејство. Пријателите и семејството во тој поглед можат да помогнат така што ќе водат сметка за потенцијално тешките датуми или случувања во календарот за да даваат поддршка, во смисла да ја поттикнуваат жената на прво место да го става своето ментално здравје.

Исто така, настаните како прослави по повод раѓање бебе може да бидат многу тешки за некои жени што доживеале губење на бременоста. Крејтер советува да ги повикате, но притоа треба да потенцирате дека имате разбирање ако не може да присуствува.

– На клиентите им велам дека луѓето што ги сакаат ќе ги разберат без проблем – вели тој.

Ако ништо друго, нека биде едноставно

– Сѐ уште ме збунува зошто луѓето не зборуваат за толку едноставни работи, како: „Жалам за твојот губиток. Тука сум за тебе“ – вели Цукер.

Таквата изјава е љубезна, директна и емпатична, и им е потребна на жените.
„Толку ми е жал за твојот губиток“, повторува Крејтер. Едноставно – полно со љубов и директно.

 



912

X