Тортиколис или крив врат се препознава по карактеристичната положба на главата која е наведната на една страна со лицето свртено на спротивната. При обидот главата да се исправи, бебето дава отпор и ја враќа главата во истата позиција. Се работи за деформитет на мускулите на едната страна од вратот, кој е скратен, што доведува до наведнување на главата на иста и вртење на спротивната страна.

Што е тоа позиционирање на главата?

Во лежечка положба на грбот додека бебето спие, но и кога е будно во креветчето или количката, поставуваме преклопени пешкири од двете страни на главата. Кога спие на страната каде што е тортоколисот, преклопената пелена или помал пешкир ставаме под главата, така што вратот да биде слободен. Кога е на колкот, пешкирот е под карлицата. Во положба на стомакот го оставаме да лежи на образот на здравата страна. Кога на бебето му се обраќаме, кога го храниме, треба да бидеме право пред неговото лице за да нè гледа и да ја држи главата во средината. Кога бебето не може да го направи тоа додека е во исправена положба, треба да се даде Томасова јака за да ја фиксира главата и да се спречи странично наведнување.

Како знаеме дека тортоколисот е излекуван?

Ако се утврди целосно движење на главата, што значи дека детето може да ја наведне главата и да го сврти лицето со брадата кон рамената, исто на двете страни, и ако главата е исправена во продолжението на ‘рбетниот столб кога детето ќе прооди, се смета дека корекцијата е успешна и дека нема да има некакви последици. Лекувањето на тортоколисот е процес кој бара сериозен и стручен пристап од лекар и терапевт, како и активно учество на родителите.

Во најтешките случаи кога физикалната терапија не ги дава очекуваните резултати или од некоја причина лекувањето не е почнато, а детето има година или повеќе, се пристапува кон операција.

Нелекуван или неизлечен тортиколис како последица ја носи асиметријата на лицето (зафатената страна послабо се развива, па треба благо да се масира и штипка образот за да се поттикне циркулацијата). Тоа се случува бидејќи бебето лежи на грб и постојано ја држи главата во иста положба, што влијае врз формирање коскени структури на черепот (како превенција се користат специјално дизајнирани перници), подоцна доаѓа до искривување на ‘рбетниот столб настрана (сколиоза), проблеми со видот бидејќи детето ја наведнува главата за да види добро (потребни се одредени корекции) и неправилен развој на вилицата, послабо на страната на тортоколисот (децата мора да носат корективни протези).

Автор: Снежана Милановиќ, дипломиран физиотерапевт, сензорно-интеграциски педагог



912

X