Графологијата во служба на учениците со специфични нарушувања при учењето: фокусот кон подобрување на графо-моторните гестови и позицијата е есенцијален за правилно учење на пишувањето. На таа тема зборува Кијара Бијаџони, графолог и советник.
Што е графологија?
„Графологија е наука која се занимава со интерпретација на графичките гестови: од чкртање до цртање, до спонтано пишување. Графолошките анализи откриваат многу аспекти од карактерот, интерпретирајќи ги напорите и ресурсите на личноста“.
Примената е разновидна: судска област (тестаменти и лажни потписи), лична селекција (процена, вработување, ориентација), советување за семејства и двојки (пар-семејство-деца), училишна средина (ориентација кон студии и активности за поддршка за ученици со тешкотии). Графолошката консултација помага во избирање на најсоодветниот начин за учење за ученикот.
Како графологијата е поврзана со специфичните нарушувања при учењето?
Друга област во графологијата е претставена од специфичните нарушувања при учењето и тоа особено преку дисграфијата. Се работи за графичко-моторна тешкотија која ја сочинува операцијата заморно пишување: резултатот е нарушување, конфузија и нечитлива форма на пишувањето. „Графологијата од тоа гледиште може да се стави во сервис на точните графички гестови, со специфични активности насочени кон деца и тинејџери, родители и наставници“.
Што може да направи графологијата за да го поправи или намали ефектот од дисграфијата?
„Корисно е да се започне со основното образование, со веќе функционални предуслови, како соодветна позиција и држење додека се пишува, координација око-рака и стекнување на телесната шема и латералноста. Во основно образование, потоа, може да се работи во самата училница со цел да се покажат добри практики на наставниците и да им се пренесе задоволството кое произлегува од пишувањето на децата: Дури и кога пишувањето изгледа консолидирано, до периодот до средното образование, може да има сигнали за аларм поврзани со пишувањето: когнитивен замор, тешкотија во одржување на потребната концентрација или други лични или релациски проблеми. За жал, денес има едукациска празнина на оваа тема, па често забораваме дека користењето на раката е комплексна активност и не треба воопшто да биде занемарена“.
Ова се зборовите на Кијара Бијаџони, која има долго искуство во точното учење на графичките гестови, па таа е убедена дека нема погрешни или точни методи за сите, туку дека вниманието на моторните вештини и графичките гестови може да обезбеди дополнителни алатки за постигнување позитивен резултат во учењето да се пишува. Преку анализа на пишувањето, графологијата помага и да се запознаеме себеси. Па секој може да си најде сопствен начин на учење, преку трансформирање на учењето во патека полна со задоволства и откритија.
Автор: Иларија Барбароса
912