Интересен експеримент открил кој тип родители имаат најголеми шанси нивното дете да попослушно. Пронајдена е врска помеѓу децата што редовно разговараат со возрасните и нивните невербални способности, како што се расудување, пресметување и свесност за формите. За целите на студијата, научниците поставиле уреди за снимање во облеката на одреден број деца (107) на возраст од две до четири години.

Прислушувајќи ги секојдневните интеракции на овие деца со нивните родители, тие можеле да проценат какви разговори имаат со возрасните кои се вклучени во нивните животи. Од родителите, исто така, било побарано да спроведат низа активности со своите деца, како што се цртање и боење, со цел да се тестираат когнитивните вештини на децата.

„Користејќи уреди за снимање звук, успеавме ненаметливо да ја проучуваме интеракцијата помеѓу малите деца и нивните семејства во секојдневна средина наместо во лабораторија. Откривме дека количината на зборови што ги кажуваат возрасните и ги слушаат децата е позитивно поврзана со нивните когнитивни способности“, изјавила авторката на студијата, д-р Катрина Дапиче.

Значи, како што изјавила таа, родителите кои многу зборуваат имаат попаметни и попослушни деца бидејќи на тој начин децата апсорбираат многу повеќе знаење и побрзо стекнуваат навики.

Таа, исто така, ги охрабрува родителите да разговараат со своето дете нормално, како што би разговарале со секоја друга личност, бидејќи тоа ќе им користи. Исто така, интересно е да се истакне дека научниците забележале оти позитивното родителство, во кое родителите ги поттикнуваат децата да истражуваат и да се изразуваат, е поврзано со помалку знаци на агресивно однесување.

Автор: Сандра Крстановиќ

Извор



912

X