Сите ние сме социјални суштества на кои им треба интеракција со другите луѓе за да се чувствуваме добро.

Поминувањето квалитетно време со другите е важно во секој период од нашиот живот, почнувајќи од детството. За децата, поминувањето време со врсниците и дружењето со нив е важно за да се развиваат и да растат правилно, како физички така и психички.

Меѓутоа, што да направите ако детето не се согласува со своите врсници или избегнува дружење со нив? Како што објаснува детскиот психолог Ана Кронке, причините за ваквото однесување можат да бидат различни.

Таа тврди дека несогласувањата со врсниците најчесто се јавуваат поради недостатоци или доцнење во социјалните вештини на детето, проблеми со вниманието, доцнење во развојот, невролошки разлики како што се нарушувања од аутистичниот спектар и доцнење во когнитивниот развој. Имено, децата што имаат некои од овие проблеми почесто покажуваат тешкотии во комуникацијата со своите врсници, а еднакво и во воспоставувањето пријателски односи со нив. Родителите честопати не знаат навреме да препознаат дека нивното дете има проблеми во социјалната интеракција, но го сметаат за срамежливо или повлечено.

Со цел да се спречи дополнително повлекување на детето и некои други потенцијални негативни исходи, психологот открива неколку упатства за родителите што да прават ако односите на нивното дете со врсниците не се задоволителни. Како најважен совет, таа го истакнува подучувањето на вештините за социјална интеракција на детето, како и планирањето на социјалната интеракција врз основа првенствено – на интересите на детето.

Психологот советува родителите на дете кое има проблеми со воспоставување социјална интеракција да избегнуваат големи групни активности и да го вклучат детето во мали групни активности со индивидуална компонента.

„Кога активностите се структурирани и наизменични, може да се моделира детската интеракција, а со тоа детето може да ги подобри своите социјални вештини“, објаснува Кронке.

Извор



912

X