Како возрасна личност која страда од панични напади и анксиозност, можам да кажам дека една од најмалку ефективните работи што луѓето рутински ја кажуваат кога имам паничен напад е „смири се“. Иако се кажува со најдобра намера, за мене е бескорисна, а во тој момент кај мене всушност е поттикнувач бидејќи потенцира дека нешто не е во ред, јас сум во неволја, а сите околу мене ги забележуваат симптомите, па сега јас сум засрамена од сопственото однесување.


Затоа, кога научив дека д-р Ерина Вајт, истражувач во детска болница во Бостон, цврсто верува дека треба да се избегнува фразата „смири се“ со деца, веднаш се заинтересирав. Ѝ се обратив за да дознам зошто таа фраза може да не е ефективна кога му се кажува на дете и што треба наместо тоа да направат родителите.

„Вообичаено, кога некому му велите да се смири, тоа е како повик за помош во – те молам престани, не можам да издржам – смисла. Тоа станува сознание дека што и да чувствува или прави другото лице, тоа е премногу, што може да биде тешка порака за децата“, објаснува Вајт.


Што да правите кога детето е вознемирено

Д-р Вајт сугерира да се поставуваат прашања за подобро да се разберат емоциите на децата. Прашајте: „Како се чувствуваш сега, што се случува, што може да направиме за да ти биде подобро?“ или „Ќе те оставам да се справиш со емоциите сега, кажи ми кога ќе бидеш подготвен/а да продолжиш понатаму“.


Родителите треба да се обидат да им помогнат на своите деца со емоционалната регулација

Емоциите се тешки за процесирање на која било возраст, но ако родителот може да биде успешен во помагањето на детето во разбирањето на сопствените емоции, тогаш тоа е големо достигнување. „Емоционалната регулација е учење како да се регулираат сопствените чувства за да бидат изразени на продуктивни начини во вистинско време. Да кажеме дека имате дете чија играчка само што била одземена од страна на помалиот брат. Детето може да го изрази својот бес преку удирање или да побара помош од родителите. Првите резултати по пауза и непријатни последици. Втората опција би значела помош при повторното земање на својата играчка и сладолед за справување со ситуацијата во продуктивна смисла“. Истото може да се примени и кај дете кое искусува анксиозност. „Некој што е анксиозен за одењето на училиште може да има излив на бес, да одбива да оди на училиште, да се плаши повеќе и да дозволува стравот да победи, а кај некои деца училишната фобија може да се разбие и со постепено приспособување, одење во училиште секој ден и соочување со стравот додека не се намали и исчезне“, вели Вајт. И двата примера се важни во однос на тоа како родителите треба да ги валидизираат емоциите на децата.


Кога треба да започнете со примена на овие методи?

Никогаш не е рано да се започне со истражување на емоциите заедно со децата. „Препорачувам родителите да ги валидизираат емоциите на децата колку што можат почесто. Обидете се со кажување реченици како: Изгледа како ова да боли, изгледаш тажно, навистина те налути тоа што брат ти те турна“, вели Вајт.


Исто така, сосема е во ред ако веќе сте започнале да им велите на децата да се смират. Има многу можности за вежбање и примена на нови однесувања. „Се обидувам да ги потсетувам родителите дека нема нешто што се нарекува нормално сè додека децата не поработат на тоа да ги откријат сопствените емоции и да ги направат продуктивни. Некои деца природно ќе ги совладаат таквите вештини, побрзо од другите“, вели Вајт. Нема потреба никој од нас да се чувствува лошо ако се бори да ги развие овие навики дома.

Вајт завршува со доза хумор: „Всушност, и повеќето возрасни ја немаат совладано вештината за емоционална регулација“.

Автор: Ребека Браун

Извор



912

X