Воспитување

Еве што сакаат дадилките да знаат родителите пред да почнат да ги чуваат децата

Доколку имате дадилка, добро би било да имате убав однос полн со доверба, да можете да ги оставите вашите малечки без грижи и да одите на работа, па дури и да се забавувате. Односот со дадилката мора да се заснова на меѓусебно почитување – и кон личноста и кон поставените граници. Само така детето ќе ја добие најдобрата дадилка која ги спроведува вашите правила кога вие не сте таму и учествува во воспитувањето на детето токму онака како што треба.

Чување деца е работа, без разлика дали тоа е „час“ или е дадилка која живее со вас дома. Затоа е важно да знаете како да ја подобрите вашата врска, а во тоа ќе ви помогнат овие совети од дадилките. Еве што би сакале дадилките да знаат родителите – две работи се клучни. Родителите во огласот или разговорот треба да ги нагласат точните очекувања, а тие да бидат прецизирани во договорот што се потпишува. На тој начин двете страни имаат на што да се навратат доколку некои граници или одговорности станат нејасни.

Дадилка и куќна помошничка се две различни лица

…Освен доколку не сте се договориле дека лицето кое ви го чува детето треба „повремено“ и да поминува со правосмукалка, да испегла нешто, да ги избрише плочките… А ако не сте се договориле така, не барајте го тоа од неа бидејќи главното задолжување ѝ е детето, а не вашата куќа.

Не очекувајте дадилката да спроведува правила кои вие самите не ги спроведувате

„Понекогаш родителите очекуваат да му ја средам собата на детето, а тие никогаш не го побарале тоа или не успеваат да му ја наметнат таа задача на детето. Сè ќе функционира само ако заедно ги спроведуваме истите правила, во спротивно тоа ќе биде непријатно искуство за сите“, вели Мелани, дадилка од Њујорк.

Како се однесува детето кога не сте таму?

„Колку побрзо родителите ја напуштат куќата, толку полесно ќе ми биде. Понекогаш родителите се чувствуваат виновни што го напуштаат детето, па го одложуваат поздравувањето со него. Ги разбирам, но особено кај малите деца тоа ги зголемува напнатоста и емоционалниот стрес. Не чувствувајте се виновни ако одите на работа или на активност која значи грижа за себе. Детето ќе реагира како што ќе реагира, а моја работа е да го утешам“, вели Хана, австралиска дадилка.

„Ако детето се однесува подобро со мене отколку со тебе, тоа значи дека му поставувам појасни граници и ги спроведувам на подобар начин. Децата знаат дека нема да помине она што ќе помине со неговите родители“, вели Емили, дадилка од Небраска.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top