Овој јапонски метод се применува во повеќе од 10 земји во светот, а неговата популарност сѐ повеќе расте

Професорот Макато Шихида смета дека за да се одгледа гениј, потребно е со детето да се занимавате буквално од раѓањето, развивајќи ја десната хемисфера на неговиот мозок, постепено воведувајќи игри за развој и на левата хемисфера. Овој метод, кој нашироко се применува на Истокот, станува сѐ попопуларен на Запад.

Децата учат математика со помош на картички со слики, сложувалки, игри со објекти со различни облици и, се разбира, добиваат петка кога правилно ќе го решат проблемот.

Во едно предградие во Сиднеј постои градинка која прима деца од 6 месеци нагоре.
Тие велат дека од тој период се обидуваат да развијат визуелно помнење кај децата, ги учат на песнички и ги учат како да раскажат приказна. Во оваа градинка наголемо се користи Шихида-методот, па постојат случаи на деца кои ги знаат сите букви на две и пол години.

Како се употребува Шихида-методот во домашни услови?

Прво, одлучете кога ќе му посветите време на детето. Најдобро е тоа да биде во исто време секој ден. Лекцијата треба да започне со омилената песна. Потребно е да ја испеете со бебето, па потоа да му кажете кој ден од неделата е и какво е времето надвор.
Најдобро е во заднина цело време да има музика додека удобно седите со детето во скутот, свртено кон вас.

Вежби за дишење

Бебето треба да научи да ја дувне хартиената пчеличка или пеперутка. Подобро е повремено да уфрлате нови форми за бебето да не изгуби интерес. По некое време самото може да почне да дува во „празно“.

Вежба „енергетска кугла“

Преправајте се дека меѓу рацете држите кугла која ја формирате како снежна топка. Потоа фрлете ја замислената „енергетска кугла“. Повторете го тоа, а потоа преправајте се дека пиете енергија од своите раце. Звучи многу чудно, но тоа е нешто што малите Јапонци често го практикуваат.

Сугестија

Со насмевка на лицето на детето му кажуваме три фрази: „Ти си посебен“, „Ти сакаш“, „Можеш сѐ“ или нешто слично. Најважно е на детето да му покажеме колку многу го сакаме.

Тренинг на фантазијата

Во најмала рака може да си играте улоги во мини-игри: покажете како оди џуџето, како јаде, како спие. Со постари деца може да мечтаете: „Замислете дека сме влегле во возот и сме отишле кај баба. Каква пита испече баба за нас? Со јаболка? Веројатно е превкусна!

Психички тренинг

Вежбање телепатија: Седнете во близина на детето и замислете некој облик и боја, а потоа кажете му: „Замислувам еден круг, која боја е?“

Вежбање интуиција: Почнете од наједноставното: кажете му на детето да погодува во која рака се наоѓа нешто. Подоцна може дополнително да ја комплицирате оваа вежба.

Гимнастика за очи

За најмалите деца земаме ѕвонче и го движиме горе-долу, лево-десно додека ѕвониме. За повозрасните деца на видео може да најдете покомплицирани видеовежби.

Игра со карти

Шихида предлага да користите 100 картички, на секоја треба да има поинаква слика, животни, предмети, автомобили, предмети… Брзо покажувајте му ги картите на детето, не подолго од 1 секунда, доволно да изговори што е на сликата. Оваа брзина ќе ја активира десната хемисфера на мозокот, а изговарањето на она што е на сликата ја активира и левата страна на мозокот, па двете страни се синхронизираат.
Целта на овие картички не треба да биде стекнување знаење, туку да се тренира мозокот. Истите карти не треба да им се покажуваат на деца помали од 6 месеци и не повеќе од 3 месеци.

Игри што развиваат фотографско помнење

Слични слики – За оваа игра потребни ви се слики кои малку се разликуваат една од друга. На пример, на една е џуџе со сина капа, а на другата е со црвена капа. За дел од секунда на детето му прикажуваме една од сликите (најдобро во величина А4-формат), а потоа му ги покажуваме двете и го прашуваме што видело претходно.

Поставување на правилното место – Неопходно е да се прикаже која било слика (мала величина): за почеток, поделете ја на три еднакви дела и поставете ги во една рамнина. Покажете го оригиналот, но не повеќе од 1 секунда, а потоа замолете го детето да ги склопи деловите во целината.

Пронајдете ја новата слика – многу брзо покажуваме и именуваме неколку слики (почнуваме со три). И потоа ги поставуваме овие слики пред детето и уште една што детето не ја видело. Задача е детето да ја покаже таа слика и да ја именува.

Кој ја скри – Исто така брзо покажуваме слики, а потоа повторно ги покажуваме сите, освен една. Детето треба да се обиде да погоди која слика недостига.

Мандала – Оваа слика обично е во облик на која било геометриска форма. Мандалата може да биде едноставна – син триаголник со жолт круг во внатрешноста, или може да биде многу сложена – на пример, круг од чија внатрешност се извлекуваат различни облици. Во овој случај детето 1-5 секунди гледа во мандалата, а потоа во иста, но безбојна мандала, и потоа кажува која боја биле облиците или истите ги обојува.

Апсурдна приказна или „синџир“ на меморија – Треба да раскажете една смешна приказна во слики. Од сетот карти (за почеток три парчиња) составете дејствие од типот: враната скокна во реката која мирисаше на роза. Според тоа, пред детето се сликите: врана, река и роза. Прво, родителот ја раскажува приказната 1-2 пати, потоа ги меша картите, а детето се обидува да ја запомни. Во училиштата Шихида децата можат да запомнат локација на стотина слики само ако еднаш ги погледнат.

Перцепција на бои, слух, развој на такт, игри за препознавање мирис, поезија и креативност

На крајот од учењето можете повторно да ја испеете омилената песничка. Шихида советува да вежбате 30-40 минути дневно. Потоа дозволете му на детето да си игра.
Слушањето музика, пеењето, танцувањето, вдишувањето различни мириси, испробувањето различни вкусови, проучувањето нијанси на бои, практикувањето креативност – сето тоа ќе му овозможи на детето да ја развива десната хемисфера на мозокот.

Завршни препораки

Проучувањето на броевите, буквите и други слични активности што го стимулираат прераниот развој на левата хемисфера на мозокот оставете го за возраст од 3 до 4 години. Научете го своето дете да игра улоги со различни играчки (на пример, коцката може да стане мотор на извесно време, а моливот може да биде лажица) – ова ја развива фантазијата, која е многу корисна.
Често сонувајте со своето дете, замислувајќи како ќе отидете на море или во зоолошка градина. Користете едноставни реченици за да опишете што ќе правите и што ќе видите. Тоа не е ништо друго освен тренирање на фантазијата.
Исто така, многу е корисно на детето да му се даваат предмети, како во левата така и во десната рака. Научете го детето да јаде и да црта со двете раце одеднаш. На пример, во оваа смисла, свирењето клавир е многу корисно.



912

X