Кога Танитолува Тани Адевуми размислува за својот следен потег на шаховската табла, неговиот инстинкт е да го притисне противникот.

– Агресивен сум и сакам да напаѓам. Тоа е начинот на кој генерално размислувам: сакам да го матирам противникот што е можно побрзо – вели Тани.

Тани во септември наполни 11 години и вели дека овој пристап го користи во неговата шаховска кариера. Откако станал национален мајстор оваа година, со што е 28. најмлада личност што ја постигнала таа титула, сега сака да стане најмладиот велемајстор во играта. Овој рекорд во моментов му припаѓа на 12-годишниот Абхиману Мишра, но Тани работи напорно за да ја добие титулата. Тој оди на училиште во Њујорк, а потоа вежба седум часа кога ќе се врати дома; кога не е на училиште, вежба осум, девет, а понекогаш и 10 часа дневно.

Неговиот успех во шахот досега му донесе голема колекција на трофеи, од кои највредна е титулата што ја освои на шаховскиот шампионат во Њујорк во 2019 година – не поради начинот на кој игра, туку затоа што тоа му го промени животот на неговото семејство засекогаш.

TODAY — Pictured: Tani Adewumi on Tuesday, March 19, 2019 — (Photo by: Nathan Congleton/NBC/NBCU Photo Bank)

– Тоа е она што сите нѐ поттикна да станеме она што сме денес, и мене и мојот шах – вели Тани.

Во јуни 2017 година, речиси две години пред да ја освои титулата државен шампион, Тани и неговото семејство побегнале од Северна Нигерија, загрижени поради нападите на екстремистичката група „Боко Харам“.

Семејството живеело во засолниште за бездомници на Менхетн, откако се преселило во САД, а набрзо потоа Тани му се приклучил на шаховскиот клуб во неговото училиште во Њујорк, по договор дека надоместокот за регистрација може да се откаже. Кога се прошири веста за титулата државен шампион, следуваше финансиска поддршка за неговото семејство.

– Едно семејство ни плати годишна кирија на Менхетн, друго семејство ни даде нова „хонда“, а шаховскиот клуб „Сент Луис“ во Мисури нѐ покани да го посетиме – вели таткото на Тани.

– Многу луѓе навистина ни помогнаа, многу луѓе ни дадоа финансиска поддршка и пари. Тие донираа пари за да излеземе од засолништето – додава тој.

Приказната на Тани има сличности со серијата „Дамски гамбит“ на „Нетфликс“ – измислена приказна за девојче сирак од Кентаки во 60-тите години, која станува шампион во шах во тинејџерските години. Секако, неговите рани натпреварувачки искуства не беа лесни; кога го одиграл својот прв турнир во шах, Тани ги изгубил сите партии.

– Ми требаше време. Верувам дека на сите им треба време – вели тој.

Извор



912

X