Автор: д-р Корнелија Ѓорѓиеска, лиценциран доктор по општа медицина

Северова болест, или калканеален апофизитис, е повреда од прекумерна употреба кај младите спортисти, што е причина за најчеста болка во петната коска. Оваа состојба се смета дека е предизвикана од влечен апофизитис на петицата, во корелација со местото на инсерција (припој) на Ахиловата тетива.

Се манифестира најчесто кај деца и адолесценти кои се подложени на брз раст, или кај деца и адолесценти кои учествуваат во спортови како трчање и скокање. Болеста има самоограничен тек и менаџментот вклучува модификација на активноста или релативен одмор, според интензитетот на болка. Болката исчезнува при одмор или периоди на неактивност.  

Симптомите може да се контролираат со употреба на антиинфламаторни лекови, ладни облоги, масажа, а во тешки случаи, имобилизација. Детето често искусува намалување на болката во периоди на одмор или неактивност. 

Клинички преглед и дијагностика на Северовата болест 

Клиничкиот преглед е забележлив за осетливост при калканеалната инсерција на место на припој на Ахиловата тетива. Дијагнозата на Северовата болест е клиничка и не бара други дополнителни имиџинг-студии. Текот на болеста е само-жлимитирачки, а менаџментот вклучува модификација на активноста или релативен одмор според интензитетот на болката. Режимот за рехабилитација се фокусира на истегнување и зајакнување на потколеничните мускули (вежби прсти-пета). 

Северовата болест најчесто се јавува во периодот на брз раст кај активни адолесцентни на возраст меѓу 9 и 12 години и е најчеста причина за болка во петицата во оваа специфична возрасна група. Симптомите може да бидат еднострани, но до 60% од случаите може да се манифестираат со билатерална (двострана) болка. Оваа состојба почесто се јавува кај машките деца, а најчесто се манифестира на средна возраст од 12 години за машки и 11 години за женски деца. Најчесто вклучените спортови во овие случаи бараат репетитивно трчање и скокање, како што се кошарка, фудбал, атлетика и гимнастика. 

Ризик-факторите за болеста ги вклучуваат општите ризик-фактори за повреда од прекумерна употреба, како што се долги или целогодишни активности, слабо поставени или истрошени обувки или лоша механика за тренирање. Дополнителни биомеханички фактори како што се лошата флексибилност на тетивата на петната коска, pes cavus, pes planus, genu varum или варус на предниот дел на стапалото може да ги предиспонираат пациентите за развој на состојбата. Задниот дел на петната коска се развива како секундарен центар за осификација кој обезбедува прицврстување на Ахиловата тетива. За време на раниот адолесцентен раст, растот на коските ја надминува способноста на мускулно-тетивната единица да се протега доволно за да ја одржи претходната флексибилност што пак води до зголемена напнатост низ неосифицираната или нецелосно осифицираната апофиза. Апофизата е најслабата точка во спојувањето мускул-тетива-коска (за разлика од тетивата кај возрасен), и затоа е изложена на ризик за повреда од прекумерна употреба од репетитивен стрес. Прекумерното и повторувачко влечење од силната Ахилова тетива резултира со микротраума и хронична иритација што предизвикува здебелување и болка на апофизата. 

Третман на Северовата болест 

Оперативниот третман во менаџментот на Северовата болеста не игра никаква улога во подобрувањето на нејзината симптоматологија. Северовата болест на крајот е самоограничувачка состојба која поминува со созревање и затворање на апофизата. Протоколите за лекување специфични за пациентот треба да бидат диктирани од страна на клиничарот што го лекува. Може да биде неопходна имобилизација, вклучувајќи периоди на мирување или употреба на ортоза-чизма во зависност од сериозноста на симптомите. 

Општо земено, неоперативните опции вклучуваат: 

-Добро истегнување пред и по спортска активност; 

-Одмор/периоди на неактивност (водени од степенот и интензитетот на присутна болка); 

-Употреба на стегачи или ортози за дополнителна стабилност; 

-Влошки за петици; 

-Апликација за мраз, односно ладни облоги со борова вода; 

-Употреба на НСАИЛ лекови; 

Обувките треба да бидат добро одржувани и одбрани според стапалото на детето. Режимот за рехабилитација е од суштинско значење и треба да вклучува истегнување на тетивата на петата како додаток за зајакнување на дорзалниот флексор. Симптомите обично се самоограничуваат со подобрување во рок од 6 до 12 месеци, а до целосно разрешување на болката доаѓа со затворање на апофизните јадра. Долгорочни компликации нема, а прогнозата во 99% од случаите е одлична. Со постигнувањето на скелетната зрелост, симптомите комплетно исчезнуваат.  



912

X