Воспитување

Сè уште го третирам како бебе моето најмало дете

Имам 3 деца, со 2 години разлика. Најстарото, 11 години, само што започна да јаде огромна количина храна и да спие до пладне. Средниот син, 9 години, сака водоземци, „Војна на ѕвездите“ и колачиња. Мојот најмлад син има 7 години и тој сака „Војна на ѕвездите“. Сака да копа дупки во дворот и да создава имагинарни светови со неговите лего-коцки. Седи на лулашка 1 час. Јас сè уште го третирам како бебе. А тој живее за тоа.

Кога се буди, силно го прегрнувам. Често доаѓа и до мојот кревет и продолжува да спие. Се грижам за тоа да има доволно перници и ќебиња. Им велам добро утро и на другите два сина, се разбира. Но, тие почесто одат кон кучето отколку кон мене. Малиот ме прегрнува. Тој е – бебето. Кога мојот син Сани беше само 4 дена стар, го држев на креветот и плачев. „Те молам не вели ми дека е последниот“, му велев на сопругот. Отсекогаш сме сакале големо семејство и не можев да ја поднесам мислата дека ова ќе биде мое последно бебе. „Нема да биде последно бебе, ветувам“, ми рече сопругот.

Но, мојата бременост со Сани беше тешка. Имав многу проблеми и бев хоспитализирана. Кога конечно ја најдоа соодветната терапија за да можам да јадам, успевав да јадам само нездрава храна. Ми беше дијагностициран гестациски дијабетес кога бев во 12. недела од бременоста. Ситуацијата стануваше сè потешка, па на крајот спиев 16 часа дневно и вбризгував голема количина инсулин во бутот. Качив многу килограми. Се чувствував лошо. Моите деца не го добиваа целосното внимание од мене, всушност, речиси воопшто не добиваа внимание. Мојот сопруг е професор во средно училиште сега, па ако бев бремена, немаше да биде дома да помогне. Децата учат од дома, па јас сум нивниот учител – нешто што немаше да може да се изведе ако спиев како што спиев со Сани. Се плашам дека мојот гестациски дијабетес би бил уште полош, па веројатно пак би завршила во болница. Со Сани ми беа потребни и големи количини железо и немав енергија.

Одлучивме дека не е возможно да бидам повторно бремена. Нема да има уште бебе. Сè уште жалам за тоа, но Сани е нашето последно бебе. Мојата свекрва рече дека Сани е љубезен. Тој секогаш вели „ве молам“ и „благодарам“. Моите други синови исто така, но не толку доследно. Кога ќе му кажете дека нешто направил погрешно, тој плаче. А кога некој ќе му се извини, тој гледа во него сериозно и вели: „Ти простувам.“ Мојот постар син го менува расположението овој период, а мама и тато се супер досадни за него. Средниот син има опсесивно-компулсивно нарушување, па и двајцата други синови одбиваат прегратки кога се вознемирени, а јас им ги нудам секојпат. Кога Сани е тажен, доаѓа во мојот скут. Тешко е да не го третирате како бебе детето кое ќе се обвие околу вас. Обидете се да не се стопите.

Знам дека наскоро прегратките со мама нема да бидат „кул“. Браќата на Сани знаат дека ги сакам сите тројца. Обожавам да зборувам со најстариот син, сакам да му читам на 9-годишниот син и да го слушам како зборува за она што го сака. Едноставно, 7-годишниот Сани сака да се прегрнува. Не играм со него почесто отколку со неговите браќа, не го дисциплинирам помалку. Но, тој едноставно е полесен за справување, па и полесно е да го третирам како бебе. Но, многу скоро нема да имам малечко дете во домот. Сите мои синови ќе бидат тинејџери кои ќе пијат литри млеко дневно, ќе спијат до доцна. Уживам во детството кое сè уште го имам со нив. Знам колку брзо поминува. Сани ми е омилено пријателче за гушкање. Сигурна сум дека додека луѓето го читаат ова, мислат дека ми е омилено дете. Но, не е така. Тој моментално е најмалиот и најслаткиот. Пее во автомобилот. Ова нема да трае вечно. Како што гласат стиховите на една песна: „Не се сеќавам на сите оние моменти кога си велам себеси – да ги ценам оние моменти што поминуваат“. Сани е последниот таков момент што треба да го ценам.

Автор: Елизабет Бродбент

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top