Реченицата што го убива воспитниот процес во училиштето е: „Сè е тоа од дома“. Бидејќи родителите, од срам, бегаат. А ние сме совршени, непогрешливи… Децата на просветните работници се фантазија. Како да не. Не мораш да бидеш педагог, ниту психолог. Доволно е да имаш две деца, а третото е веќе докторат од неточност на оваа предрасуда. Во најдобар случај, таа реченица би можела да звучи: „Кога ќе го запознаам детето, можам да претпоставам каков е воспитниот стил во семејството“.

За мојата ќерка би можеле да помислат дека ние сме едно семејство каде што сè е под конец, оптоварени со точност, оценки и дека да се заборави домашната, значи барем 7 дена казна.

Ја учам дека во најголем број случаи „светот нема да пропадне“ ако добие лоша оценка, дека сите оценки се САМО бројки и знак дали би требало само малку повеќе да учи.

Собата ѝ е „под конец“, сè на свое место, никој не смее да вика зашто тоа е простачко однесување и нема потреба.

Сепак, не чепкај ја – нема лесно да ти прости.

Денес, на 9 години, таа е многу поопуштена, побезгрижна, не се плаши повеќе од викање. Работевме на тоа. Што понела од дома, ќе видиме за 20 години, но знам дека се родила со идејата да биде совршена, што може да биде и опасно.

Син, 12 години. Отвора очи со идеја – животот е еден, немаме време за грижа и нервоза. Утре е нов ден и ако убаво ја замолам наставничката да ме праша утре, а не денес, таа ќе разбере дека вчера бил сончев ден и дека сите деца на светот играле фудбал. А ако баш и нема слух за моето мото – уживај, пеј, играј, нема врска, тоа може да се поправи.

Него го учиме дека оценките се важни и дека не се само број.

Тотален пресврт, со одбирање зборови, за што подоцна да ја сфати контрадикторноста на нашите зборови. Нему часовникот не му значи баш ништо, веројатно премногу го оптоварува за негов вкус и се надеваме, семејно, дека до 18 години, ќе прифати дека тој часовник е важен за на планетата да нема збрка и дека ќе почне да го користи. Љубовта за него е енергија, врева… Уредените односи и педагошкиот тон се студени до неподносливост. Најдобро би било да ја потапка класната по грбот, бидејќи ја сака (само не смее).

Ќе прости сè бидејќи го мрзи да се лути.

Тој ќе ја испроба секоја граница, да види дали има некоја дупка, да ја проба својата среќа од онаа страна на „нормалното“, а таа ужива во безбедната слобода, во рамките на границите и разбира зошто се тука. Таа ги чува пенкалата наредени на иста страна, а тој го фрла во торбата она што ќе остане на масата.

Така и животот. Таа пречесто вели „добро“, а тој „да, но…“ Неа ја учиме да препознае кога ќе каже „да, но…“, а него да каже „добро“ и ќе ни требаат 15-20 години. Кога, како педагог, би ги повикала родителите да им кажам на што би требало да влијаеме кај нивното дете, тие во 99 отсто од случаите би рекле: „Да и ние исто мислиме и се обидуваме“, а 1 отсто би оставиле впечаток дека детето треба да пцуе, да плука, да тепа. Ма ни 1 отсто.

Воспитувањето е процес. „На првиот родителски состанок можам да ги поделам децата, точно знам кое е чие“, ова е само една од најнавредливите реченици, според мене. Ми беше поднослива на почетокот на работата и додека не родив деца. Искуството ме научи дека реалноста е поразлична.

Автор: Снежана Голиќ, педагог


Извор



912

X