Кевин Кол, претседател на Националната федерација за диви животни, вели дека секое дете уште од најрана возраст може да развие грижа и емпатија за другите повеќе отколку за себе, на пример, за животните. Животните се нежни суштества кои имаат потреба од среќно и безбедно живеалиште.

Кога децата се почесто со животните, се учат на толеранција и чувство за емпатија.

Кол смета дека родителите што сакаат нивните деца да израснат во возрасни луѓе, кои ќе помагаат и ќе се грижат за другите, треба да одвојат време да ги истражуваат природните убавини заедно со нив затоа што преку природата се станува почувствителен и погрижлив кон другите. Тој додава дека почестото изведување на децата во природа е најдобрата одлука.

Децата треба да изградат свест за природата

Првата фаза, според Кол, е свесноста. Треба да му се даде на детето нешто кон што ќе се фокусира, како на пр., мајката на ракун, птичјо гнездо или, пак, одредени инсекти. Родителот може да дискутира со детето за начинот на кој  живеат животните и дека и тие заслужуваат почит и внимание.

Секогаш кога се во можност да им помагаат на животните

Доколку децата се одлучат да им помогнат на животните, ќе го прошират своето познавање за тоа како тие функционираат во природата. Треба да размислуваат за потребите на локалните диви животни и да им обезбедат вода и кутии за гнезда.

Дури и една прошетка во паркот, каде што ќе се внимава на сите околности во природата и како животните се приспособуваат кон неа може да изгледа навидум безначајна, но ќе има голем ефект кај детето.



912

X