Да се биде родител во 2020 година значеше да се почне од нула со ново приспособување на животот. Но, некаде помеѓу солзите и победите се создаваат некои трендови кои ќе продолжат и во иднина. Познатиот педијатар д-р Харви Карп зборува што може да се очекува во 2021 година.

Поискрени разговори за мајките на работните места

2020 беше тест како можеме да издржиме со притисок, но се докажа нешто големо во врска со работниците: вработените родители можат да ја завршуваат работата исто ако имаат флексибилен распоред. „Видовме многу мајки кои постигнаа многу во компании што им излегле во пресрет на своите вработени во 2020 година – доказ дека може да се применува истото и во 2021 година, а и кога ќе заврши пандемијата“, велат Катја Либин и Амри Киблер, основачи на „ХејМама“. „Гугл“ на пример, воведе продолжено платено родителско отсуство. Секако, оваа тема би требало да остане отворена со цел компаниите да ги задржат работниците-родители, а тие да успеат во балансирање на обврските.

Помало чувство на вина за седењето пред екраните

Благодарение на виртуелните училишта и генералната нервоза околу карантините, времето пред екраните повеќе не е „лош израз“. Следниот чекор е приспособување на ставовите и размислување за тоа како конструктивно ќе ја интегрираме технологијата во нашите животи – вели Карли Ноблоч, експерт за технолошки животен стил. „На пример, ако е за училиште, тоа е неопходно зло. Ако е за поврзување со пријатели и роднини, тоа ја храни душата и им помага на децата низ ова ужасно време“. На крајот, време е да се ослободиме од вината што се поминува време пред екраните за релаксација. „Можеби треба да се воведе нешто како виртуелна реалност – семејството да се собере и да се оствари разговор, човечка интеракција и семејна забава“.

Заклучок: Во 2021 година посветеноста кон целна технологија ќе биде заменета со придвижување на границите за времето пред екраните. Тоа не значи дека нема да постојат никакви граници, туку сфаќаме дека времето поминато пред екраните нема да замине, а родителите ќе треба да се здружат со децата и да одредат што ќе биде приоритет и како сето тоа ќе влијае врз нивните животи.

Зголемено потпирање на „телездравство“

„И многу од прегледите на лекар станаа виртуелни оваа година, но она што го научив е дека додека некои моменти бараат интеракција лице в лице, многу лекари откриваат дека ефективно може да се работи во одредени сегменти и зад екранот“, вели д-р Харви Карп. Дополнително, откриени се и многу придобивки од телездравството. „На пример, новите родители кои имаат прашања за нивното дете, може да ги добијат сите одговори без да го носат малечкото во ординацијата и да ризикуваат изложеност на инфекции. Или мајка која претходно чувствувала дека нема време да добие терапија, сега може преку виртуелен состанок со лекарот да разговара и таа виртуелна средба полесно да ја вметне во својот распоред“, додава Карп.

Поголема виртуелна поддршка за родителите

„Во раните денови од пандемијата физичкиот контакт за поддршка не беше опција“, вели Челси Алисон, основач на „Мајчинска фигура“, стартап за мајки. „Тоа резултира со провајдери кои се адаптираат на функционирање преку дигитални платформи, а нивните услуги се пренесуваа вирутелно“. Хелен Фанг, шеф на маркетинг во „Перент Лаб“, се согласува: „Лансиравме онлајн-медитации фокусирани на родителите, голем дел од нив бесплатни, на барање на самите родители, а исто така видовме зголемен интерес за онлајн-материјалите кои помагаат за исполнување квалитетно време и комуникација меѓу возрасните“.

Посветеност на одржливост

„Родителите секогаш го сакаат она што е најдобро за своите деца, но Ковид-19 стави акцент на важноста за поддржување на брендовите и организациите кои навистина се грижат за влијанието и врз луѓето и врз планетата“, вели Лиз Туриџиано, коосновач и менаџер на „Енсембли“, бренд за одржливи пелени. Алисон од „Мајчина фигура“ се согласува: „Ќе видиме помалку бескорисно трошење и поголем фокус на родителите кон одржливите практики“.

Збогум пластични играчки, здраво претплати за бебешка облека…?

Извор



912

X