Повеќето родители користат „Фејсбук“, особено родителските групи за информации. Не зборуваме за официјалните фејсбук-страници на училиштата, кои се полни со официјални соопштенија. Се мисли на конкретни фејсбук-групи каде што родителите се собираат и разменуваат искуства. Во таквите групи обично постојат генерички „правила“ со кои треба да се согласите, но реалноста е дека има и многу непишани правила за кои многу родители не се свесни. Потоа, има некои работи што би требало да бидат поочигледни отколку што се, но сите ние би можеле да користиме еден или два потсетници за нив. Со други зборови, постојат апсолутно неискажани правила на родителските групи на „Фејсбук“.

Согласно тоа, еве што да правите – или, почесто, што не треба да правите – за да биде вашата фејсбук-група на родители цивилизирана и удобна за виртуелно дружење и споделување искуства.

Без лути/бесни објави

Ние сме возрасни лица, кои сме на социјалните мрежи со години, па би претпоставиле дека ќе знаеме подобро, но сепак има родители кои ги исфрлаат своите фрустрации на „Фејсбук“. Тие се лути на наставникот, на некои контроверзни училишни политики или не им се допаѓа храната во мензата. Понекогаш може да биде ослободувачко чувство да пишувате јавни критики, но… ќе зажалите! Некои коментари неизбежно ќе се спротивстават на вашите, а потоа ќе започне жестока дебата меѓу родителите. Би било убаво другите само да испратат емотикон, но некој секогаш мора да го оспори вашето гледиште. И ако треба да се олесните, наместо да се лутите, побарајте поддршка од другите родители. „Јас сум мајка која првпат оди во градинка и овие отстапки ме убиваат. Ве молам кажете ми дека ќе биде подобро“ е објава која сигурно ќе добие позитивни реакции.

Не поставувајте прашање што е поставено сто пати

Пред да објавите: „Што да правам ако треба предвреме да го отпишам детето од училиште?“ обрнете внимание на иконата со лупата. Се користи за пребарување на сите претходни објави, а потоа пребарувајте клучни зборови како „извинување, предвремено напуштање на училиште“. Освен ако ова не е сосема нова група, вашето прашање најверојатно е веќе одговорено.

Објавувајте прашања кои им овозможуваат на луѓето да ви помогнат

Луѓето сакаат да бидат корисни. Родителите сакаат да споделат предлози за одлични воннаставни активности, рецепти, места за купување инструменти за почетници или да пишуваат совети како да ги облекувате децата за маскенбал. Секогаш кога поставувате отворено прашање, им давате шанса на луѓето да ги споделат своите искуства. И ќе добиете еден тон одлични информации. Професионален совет: Избегнувајте да поставувате прашања за чувствителни теми.

Истражете пред да објавите „моето дете вели…“

Моето дете вели дека ниту едно од шкафчињата не функционира. Моето дете вели дека сите се груби. Не е во ред децата да измислуваат работи, но тоа се случува секојдневно. Затоа направете мало истражување пред да го ставите коментарот во група. Понекогаш тоа се проблеми што треба да ги реши вашето дете, а не некоја група на „Фејсбук“. Исто така, погледнете го советот погоре за исфрлање на вашиот гнев и размислете дали е подобро да одите директно во училиштето ако нешто ве мачи.

Автор: Ема Јуриќ

Извор



912

X