Воспитување

Родителски фрази што предизвикуваат спротивни реакции од посакуваните

Многу од фразите што ги користат родителите за да добијат согласност од своите деца може да завршат лошо: децата зависат од логиката за лажна претпоставка со која можете да ги манипулирате кога не можете да ги натерате да направат нешто што сакате. Речиси секој родител што бара помош започнува со опишување на своето дете како прекрасно, љубопитно, паметно и со смисла за хумор. Но, тоа не знае како да слуша. Се бори и преговара за сè, а кога не е по негово, има изливи на бес. Имаме впечаток дека родителите само врескаат и се борат со своите деца. Но, не мора да биде така. Проблемот е што малите деца се водени од своите инстинкти и чувства наместо од логиката. Нивната способност да го добијат она што го сакаат и да наметнат некое влијание врз средината е нивна главна цел во денот. Затоа многу од тактиките што ги употребуваат родителите имаат спротивен ефект. Па затоа, отстранете ги овие често користени родителски фрази:

„Не, благодарам“

Тоа значи дека „Не го сакам тоа, но ценам што ми го нудиш“. Испраќаме измешана порака кога го користиме „не“ и додаваме нешто друго што го збунува детето. Кажете само „не“, во ред е да се биде цврст во одреден став. Започнувањето на реченица со „Ајде да не…“ и завршување со објаснување е одличен начин за комуникација. Ако го кажувате од навика, поправете се во моментот. Моделирањето на способноста за коригирање на грешка може да биде многу ефективно.

„Рацете не постојат за удирање“

Овој коментар може да не е соодветен за многу млади деца што сè уште не разбираат дека удирањето не е прифатливо. Децата едноставно го прават тоа бидејќи немаат контрола врз себе како возрасните. На детето му треба помош во контролата на неговите чувства и посоодветно решавање на некаков судир. Пристапете и понудете му рака.

Користи сопствени зборови

Децата не знаат што да кажат, а кога се лути, тие се отсечени од делот од умот кој размислува. Често веруваат дека ако можат да го користат својот вокабулар, дека тоа и ќе го сторат. Замислете дека викате во разговор со својот партнер, а тој/таа ви вели да го користите својот вокабулар. Тоа би било катастрофа. Дајте му ги на детето зборовите од кои има потреба.

„Ок?“

Ова е нешто за кое секој родител е виновен. Но, не се ни прашуваме кога го користиме ова. Кога додавате „Ок?“ во реченицата, или имплицирате дека ќе го следите детето без разлика како ќе реагира, или се откажувате од вашата позиција како супилен лидер. Ниедно не е добра опција. Отстранете го „ок?“ и заменете го со „те молам“ или „благодарам“.

Автор: Андреа Ано

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top