Истражување што моментално е во тек на Универзитетот „Јеил“ се надева дека ќе развие нови опции за третман на децата со анксиозност кој ќе се фокусира на родителите, а не на детето.

Според Центарот за контрола на болести и превенција, околу 7 отсто од децата на возраст од 3 до 17 години добиле дијагноза анксиозно растројство. Традиционалната терапија вклучува когнитивна бихевиорална терапија што успешно се користи кај возрасните што живеат со депресија и анксиозност. Кај оваа терапија целта е внимателен пристап кон промена во однесувањето, но се покажа како помалку ефикасна отколку што се надеваа лекарите.

Но, сега се изучува нова техника. Кога се соочуваат со вознемирено дете, повеќето родители се обидуваат да ги утешат. Авторот на истражувањето, Ели Либовиц, вели дека утехите доведуваат до уште поголема вознемиреност кај нивното дете, а не помала анксиозност. Бидејќи детето зависи од родителот за утеха и смирување, тоа никогаш нема да ги научи механизмите за справување и самоутеха.

– Кога родителот ќе обезбеди голема утеха, неискажаната порака е: „Не можеш да го направиш ова сам, па затоа ќе ти помогнам – вели Ели. Наместо тоа, таа верува дека обуката на родителите да ги охрабрат децата да се соочат со нивните стравови би можела да биде клуч за да им се помогне на децата да се излекуваат од анксиозноста, без да посетуваат терапевт.

Третманот наречен поддржувачко родителство за анксиозни детски емоции (SPACE) ги поучува родителите да ги поддржат своите деца и да ја потврдат нивната анксиозност, без притоа да им дадат утеха од која детето може да стане зависно. Со тоа што ќе го признаат стравот, децата почнуваат да се смируваат и да се утешуваат самите, почнуваат да се соочуваат со нивните стравови и самостојно да се справуваат со нив. Лебовиц ја истакнува важноста децата да бидат слушнати и сакани, притоа користејќи изјави за поддршка за да ја изградат нивната доверба. Родителите треба да му покажат на своето дете дека разбираат колку е страшно да се чувствува анксиозноста. – Тие треба да прифатат дека нивното дете е навистина вознемирено, а не дека бара само внимание – додава тој.

Обуката на родителите е за тие да го признаат стравот на нивното дете и да му објаснат дека можат да ја толерираат неговата анксиозност и нема потреба да биде спасено од неа. Методот би можел да биде потежок за родителите со менталитет „само надмини го“ со кој се минимизира стравот на детето. Целта на оваа нова метода е да му се даде простор на детето да почувствува страв, додека чувствува дека има доволна поддршка за да се справи со проблемот директно.

Истражувањето на Лебовиц покажува ветувачки резултати. 70 отсто од децата што учествувале во истражување немале симптоми на анксиозност до крајот на истражувањето. Иако се потребни понатамошни истражувања, прелиминарните резултати можат да им дадат надеж на семејствата на деца со анксиозност кои немале успех да им ги олеснат нивните стравови.



912

X