Доколку користите социјални мрежи, сигурно барем еднаш сте налетале на споделена случка за заплеткување влакно од коса околу прст на малечко бебе. За среќа, во повеќето случаи родителите успеваат да го отстранат влакното без многу проблеми, но реалноста е дека тоа може да биде прилично вознемирувачка состојба.

Станува збор за синдромот на заплеткана коса, кој „ВебМД“ го опишува како состојба во која „влакно од коса или конец цврсто се обвиткува околу дел од телото, најчесто прсти, пети или генитална област“.

„Се јавува релативно ретко кај постарите деца и возрасните, а почесто кај бебињата и малите деца“, објаснуваат лекарите. Ако не се лекува, синдромот на заплетката коса може да предизвика болка, долготрајна повреда и губење на функцијата на засегнатиот дел од телото“, објаснуваат лекарите.

На мајките им паѓа косата по породувањето, што може да биде опасно за бебињата

За оваа состојба зборува и докторката Меган Конвер.

„Во постпородилниот период на мајките им паѓа косата. Ја има буквално насекаде. А таа коса може да заврши на бебињата“, објаснува таа. Додава дека проблемот е во тоа што косата обвиткана околу прстот или пределот на гениталиите може да го прекине протокот на крв. Кога нема снабдување со крв, ткивото умира и на крајот може да биде неопходна ампутација.

„Додека работев во итната медицинска помош, видов случаи во кои моравме да ги ампутираме врвовите на прстите на рацете или прстите на нозете поради синдромот на врзана коса. Сега тоа е поретко, но родителите треба да бидат свесни дека сепак може да се случи“, додала таа.

@shouldiseeadoctor Hair tourniquets! 🚩 what is it? Hair wrapped around fingers, toes, or even genitals Usually occurs in infants Can cause amputation 🚩 check for this If baby is crying uncontrollably- yes I know it happens often- undress and check toes, fingers and genitals! I used to run my fingers through toes before dressing baby and fingers before putting to sleep 🚩if you see a toe or finger looking like this- go to the doctor urgently! usually skin is overlapping the hair, and it’s nearly impossible to remove on your own and requires a surgical incision in order to save the finger or toe involved #hairtourniquet #babycrying #postpartumhairloss ♬ original sound – should i see a doctor

На почетокот нема никакви симптоми. Бебињата обично плачат и се нервозни

Педијатарот Нкеиру Орајиака снимила видео за тоа како родителите можат да ги отстранат влакната обвиткани околу дел од телото на децата.

„Постојат различни техники. Можете да пробате со пинцети или да ги користите прстите. Ако не можете да ги отстраните влакната, задолжително однесете го детето на лекар“, тврди таа.
Во зависност од тоа колку цврсто се завиткала косата, лекарите можеби ќе треба да направат операција на погодениот дел од телото.
„Првично нема симптоми, но подоцна може да се манифестираат во форма на прекумерно плачење и нервоза кај бебето. Бидејќи прстите на бебето се мали, можеби нема ни да ја забележите косата. Колку подолго косата е обвиткана, толку повеќе ќе отекува областа и ќе поцрвене. Исто така, местото може да биде болно на допир“, објаснува педијатарот.

Според Клиниката во Кливленд, децата на возраст под две години се изложени на најголем ризик. Од мај 2004 до март 2014 година имало 81 пријавен случај на синдром на врзана коса кај луѓе на возраст од 2 до 22 години, според податоците објавени од болницата „Лори Чилдренс“.

Извор



912

X