Барем еднаш во животот сигурно сте слушнале како еден од родителите ви вели: „Ако не дојдеш тука веднаш, ќе заминам без тебе!“, или „Ако не престанеш да удираш со нозете во седиштето, ќе те избркам од автомобилот!“ Можеби како родител и вие сте ја продолжиле оваа „традиција“, па сте му се заканиле на ваков начин на вашето дете.

Сепак, заканите „ако-тогаш“ не се всушност добро родителство, смета онлајн-советникот за деца Улрик Рицер-Сакс, а родителите што го применуваат тоа само се залажуваат. Педагозите и психолозите заклучуваат дека казната никогаш не е одговор и дека заканите генерално се празни и сурови. Зборовите што ги кажувате во моментот поради фрустрација или лутина само ќе ги научат децата да се плашат од вас, а не да учат да решаваат проблеми и да разберат како нивното однесување е поврзано со реалните животни последици, на логичен начин. Не можете да го казните детето за секое лошо однесување, смета Рицер-Сакс. И ако се заканите со казна, тогаш тоа мора да го разрешите брзо бидејќи мора да се направи поврзаноста со стореното дело и да се објаснат последиците.

– Заканата дека ќе го избркате детето од автомобилот не помага – само го плаши детето.

Во одреден момент, или ќе ви завршат подрастичните закани или едноставно ќе престанат да имаат некаков ефект, вели тој. Сепак, како ќе реагирате ако вашето дете одговори на заканата со: „Па ајде направи го веќе еднаш тоа“?

И ако вие во момент на лутина одлучите да го казните детето на три дена, тогаш треба да бидете доволно „големи“ за да го повлечете тоа откако ќе се реализира искрен, директен разговор, кога „страстите ќе се смират“, вели Рицер-Сакс.

Од друга страна, „ако-тогаш“ сценаријата се во ред, ако според гледиштата на Рицер-Сакас се наменети да го научат детето на одредени правила, граници или норми, на пример, кога поставувате јасни правила за користење на мобилниот телефон.

– Ако детето тогаш ги прекрши правилата, тогаш би требало да следуваат прописите.. Исто така, може да се користи таа тактика кога лошото однесување има несакани последици: „Ако не ја напишеш домашната работа, ќе имаш проблеми на училиште“ – вели тој.

Клучна работа е да му претставите на детето логична казна која е поврзана со стореното дело. Ако вашето дете не го изело здравиот оброк, тогаш последица може да биде тоа што нема да добие десерт. Но, ако му кажете дека нема да добие десерт затоа што не ја исчистило својата соба, тогаш тоа не е соодветна казна.

Извор



912

X