Воспитување

Родителите на деветте бебиња ги објавија нивните имиња

25-годишната Халима Цисе од Мали роди 9 бебиња, во Мароко, по повеќе од една деценија откако Надја Сулеман стана дел од насловните страници откако роди 8 бебиња во 2009 година.

Цисе роди 5 девојчиња и 4 момчиња со царски рез, во околу 30-тата недела од бременоста, на 4 мај, а сега веќе ги откри и имињата на своите деца: ќерките Хава, Адама, Фатума, Омоу и Кадидија, а синовите Мохамед, Бах, Елхаџи и Оумар. Сопругот на Цисе, Кадер Арби (35), чека во главниот град на Мали, Бамако, за да ги собере потребните документи и да одлета во Казабланка за да ја посети сопругата, со која има уште една ќерка.

Бидејќи бебињата се родени прерано, две сè уште се во инкубатор, а сите бебиња треба да поминат барем уште 3 месеци во специјалистички оддел во болницата. Цисе наводно има ограничен пристап кон нив за да се избегне ризик од инфекција.

фото извор: Ministère de la santé du Mali/Facebook

Откако децата пристигнале, Јусеф Алауи, директор на клиниката во Казабланка, рекол дека е потребно да помине некое време пред децата да си одат безбедни дома.

– Има уште работа бидејќи се прерано родени. Треба да добијат тежина, па да бидат доени – вели тој.

Што се однесува до новиот светски рекорд што го постави Цисе, портпаролот на Гинисовата книга на рекорди рекол дека сè уште треба да се потврди дека се работи за светски рекорд, па да се официјализира. „Нашиот тим работи на случајот“, изјавил тој. Сулеман, која во моментов го држи рекордот за најмногу родени бебиња во едно породување кои преживеале, создаде историја кога роди здрави 8 бебиња со царски рез во 2009 година. Таа доби 6 момчиња и 2 девојчиња. Нејзините 8 бебиња се втората осумка што е родена (живи бебиња) во САД. Пред тоа таа веќе имала 6 деца, што значи дека е мајка на 14 деца.

Автор: Саманта Бениц

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top