Во нашиот дом велиме вака: – Искрени сме и директни со нашите деца. Им кажуваме кога нивните дела ги повредуваат другите или кога можеле да постапат различно. Она што не го правиме во нашиот дом е да ги критикуваме нашите деца. Не ги критикуваме на начини кои може да ги омаловажат, да ги повредат и да остават траги во нивниот живот што ќе се покажат и во возрасна доба. Научивме низ годините како дека начинот на кој зборуваме со децата им влијае на подлабоко ниво. Зборовите што им ги упатуваме, начинот на кој им упатуваме пофалби и начинот на кој ги поправаме – сето тоа е важно. Начинот на изразување е најважен.

Моите зборови може да навлезат во интензивна зона и да ги препознам дури кога веќе ќе излезат од мојата уста, па не можам да ги вратам назад

Не треба да бидеме гласот на сомнежот во главите на нашите деца кога ќе бидат возрасни, тоа негативно размислување кое може да ги обземе. Сите ги имаме, нели? Тој глас од детството од мајката и таткото кој е заглавен во нас. Може да биде само една фраза која ќе остане – „Фустанот ти е грд“, „Себичен/а си“, „Премногу си дебел/а за да го носиш тоа“. На крајот од денот, како родители, имаме една одговорност, а тоа е да ги одржиме нашите деца безбедни, а тука спаѓаат и зборовите што им ги упатуваме. Можеме да научиме едни од други, дури и ако живееме во ист дом. Има денови кога ми е сè преку глава, особено што сум родителот кој ги презема речиси сите обврски – готвење, учење на далечина, носење на активности по училиште – некогаш го губам трпението. Моите зборови може да навлезат во интензивна зона и да ги препознам дури кога веќе ќе излезат од мојата уста, па не можам да ги вратам назад.

Но, кога сум со партнерот и сум тивка, мојот партнер ја дефузира ситуацијата помеѓу нашите ќерки близначки. Зборовите што ги изговара се во позитивна рамка. Кога зборува со нашата премногу чувствителна ќерка Авиа, ѝ вели: „Авиа, твојата коса е прекрасна таква каква што е. Ничија коса не е совршена секогаш и постојано“.

Ние сме „капетани“ на нашиот родителски брод и мораме да ги насочиме децата на правилниот пат

Нè повредува како родители кога децата се вклучуваат во негативно зборување сами за себе. Кога нема да успеат во нешто што се обиделе да го постигнат, па кажуваат нешта како: „Леле, тоа беше глупаво“, или „Никој не ме сака на училиште“, или „Не можам да го направам тоа“ и слично. Мора да им помогнеме на своите деца да развијат вештини потребни за менување на тоа негативно зборување за самите себе. Процесот започнува со нас. Ние сме „капетани“ на нашиот родителски брод и мораме да ги насочиме децата на правилниот пат. Тоа е деликатна рамнотежа која мораме да ја одржуваме. Знаеме дека голем дел од родителството се состои од грешки. Знаеме дека нема книга која точно ќе ни каже како да бидеме родител на секое дете. Но, да се справуваме од ден на ден со емоциите и зборовите кои секојдневно циркулираат во нашите домови – за тоа мораме да сносиме одговорност. Затоа, најдобро е да направиме чекор напред и да ги изградиме своите деца со користење позитивни зборови и одговори.

На крајот, исто така е важно што си кажуваме себеси. Зборовите кои циркулираат во далечните ќошиња на нашите умови. Негативното зборување со самите себе нè спречува да ја подобриме нашата емоционална интелигенција. Ако ги промениме зборовите што си ги кажуваме сами на себе во нашите умови, тогаш ќе можеме да ги промениме и зборовите што им ги кажуваме на сопствените деца.

Автор: Никија Харгроув

Извор



912

X