Децата на вработените мајки побрзо напредуваат од оние чии мајки не работат, покажува истражувањето на Универзитетот во Оксфорд и Лондонската школа за економија.

Секојдневното одење во градинка или кај баба и дедо ги подобрува говорот, социјалната интеракција или самостојното облекување. Истражувачите спровеле тестови во четири области на развој, а децата чии родители биле вработени постигнале резултати што биле за 10 отсто подобри од децата чии родители не оделе на работа.

– Ова треба да ги смири и увери родителите дека оставањето на децата во градинка нема негативно да влијае врз нивниот развој – вели Лоренс Роуп од „Оксфорд“, еден од авторите на истражувањето.

Истражувачите заклучиле дека децата биле изложени на повеќе стимулативни активности кога биле со други деца, а ги подобриле и нивните моторни вештини.

– Се чини дека врската помеѓу детето и родителот и не е толку клучна, особено ако родителот е уморен, незадоволен и под стрес – вели Лоренс.

Во идеални услови, родителите работат и заработуваат доволно, па детето може да учествува во голем број активности што позитивно влијаат врз неговиот развој. Ова истражување ја смирило совеста кај многу родители што не можат да бидат дома со своите деца.

Сепак, како што истакнуваат авторите, важно е да се обезбеди флексибилно работно време за мајките и квалитетни градинки за децата.

Извор



912

X