Норвешка фирма направи неверојатен чекор напред во науката создавајќи технологија која им овозможува на болните деца да учествуваат на часовите, да ја следат наставата и да одржуваат контакт со другарите.

Кога зборуваме за роботите, главно станува збор за игри или за медицински помагала. Еве пример како уште еден робот може да го промени животот во позитивна смисла. Станува збор за проект во една виенска школа каде што робот му помага на дете, и покрај болеста, да не ја изгуби врската со своето одделение и да може да ја следи наставата.

Доминик, момче кое боледува од рак, седи дома пред таблет и го слуша поздравот од своите другари на почетокот од часот. Тој ја следи наставата од дома. На таблетот е инсталирана програма со која може да управува со роботот, голем 30 см. Со помош на роботот детето не само што може да види што се прави на часот, туку може и да се јави за збор. Тогаш на роботот трепка светилка. Со помош на роботот може да слуша и да разговара со учениците.

Наставничката Силвија Вилц вели дека проектот со роботот добро функционира. Штом Доминик ќе сака да каже или да прочита нешто, роботот ќе го покаже тоа.

Роботот е производ на норвешката стартап-фирма „Но изолејшн“, која ја претставува дигитализацијата како шанса за луѓето што не се подвижни или се болни.

Се проценува дека во Австрија моментално има 190.000 хронично болни деца кои доста време поминуваат дома или во болници, па така не само што ја пропуштаат наставата туку и го губат контактот со своите врсници.
Неодамна децата сакаа да го понесат роботот на излет за и Доминик „да биде“ со нив.

Овој еден примерок од роботот се наоѓа само во едно училиште. Набавката чини 3.000 евра, а месечното одржување и осигурување чини 80 евра.



912

X