Научниците го набљудувале развојот на ембриони од препелици, одгледувајќи посебна сорта чии клетки носат флуоресцентни пептиди, видливи под скенер. Ова значи дека првпат можеле да видат како се спојуваат клетките за да формираат органи.
– Првпат снимивме важен процес на ран развој во висока резолуција и во реално време. Досега нашето знаење за постимплантациониот развој доаѓаше од проучување на статични слајдови – истакнала Мелани Вајт, развоен биолог од Универзитетот во Квинсленд.
Тимот ги снимил раните фази на формирање на срцето, мозокот и ‘рбетниот мозок користејќи низа различни микроскопи.
Покрај тоа што се стекнува фасцинантен увид во раните фази од животот, оваа студија е важна и за научниците поради откривањето на причините за одредени вродени дефекти, а се планираат и голем број нови експерименти.
-Нашата цел е да пронајдеме протеини и гени кои ќе можеме да ги таргетираме или да ги користиме во иднина за скрининг за вродени аномалии. Многу сме возбудени поради можноста што ни ја нуди овој нов модел со препелици – додаде Вајт.
Истражувањето е објавено во научното списание „Журнал за клеточна биологија“.
912