Според податоците на Хрватскиот завод за јавно здравје, леукемијата е најчеста малигна болест кај децата на возраст под 15 години. Во повеќето случаи причината за оваа болест не може да се утврди, а симптомите на леукемија може да варираат од дете до дете.

Тие обично се развиваат бавно, но оние што укажуваат на акутна леукемија може да се појават одеднаш. Исто така, некои симптоми лесно се мешаат со симптоми на вообичаени детски болести. Како што објаснуваат педијатрите, некои од следните симптоми не мора да значат дека детето има леукемија. Вообичаени симптоми на леукемија кај децата се:

-чести модринки
-стомачни болки
-послаб апетит
-тешкотии при дишењето
-чести инфекции
-оток
-болки во коските и во зглобовите
-анемија.

Овие симптоми не мора да значат присуство на леукемија, објаснуваат педијатрите, но раната дијагноза и навременото лекување може да го подобрат исходот на болеста.

Извор



912

X