Кога ќе забременат по втор пат, жените генерално мислат дека знаат што да очекуваат. Иако ова е донекаде точно, бидејќи не ви е сè непознато како во првата бременост, она што треба да го имате на ум е дека некои работи можат да бидат поинакви.

Прочитајте што е најчесто различно во втората бременост.

Веројатно порано ќе „почувствувате“ дека сте бремени. Повеќето жени во втората бременост ги препознаваат симптомите порано, кои, патем, може да се разликуваат во споредба со првата бременост – може да имате посилни или послаби мачнини, а може да се случи и да морате да уринирате помалку или почесто отколку минатиот пат.

Некои симптоми се помалку изразени. Ова е добра вест бидејќи можно е да имате помала аверзија кон некои намирници, а градите да ви бидат помалку чувствителни отколку во претходната бременост. Исто така, можно е помалку да се грижите и да бидете поопуштени, бидејќи веќе еднаш сте го поминале сето тоа.

Можеби сте поуморни. Ова не е толку чудно затоа што сега освен бебето во стомакот, имате и друго дете за чување, па не можете ни да легнете да се одморите кога сакате.

Стомакот ќе се забележува порано. Бидејќи мускулите на желудникот и матката ви биле истегнати за време на првата бременост, неизбежно е тие сега да се поопуштени, па сигурно е дека трудничкиот стомак ќе се познава порано.

Можно е бебето да биде пократко. Повторно, причината е што мускулите на матката малку се истегнале при првата бременост, но и затоа што постои можност второто бебе да биде покрупно од првото. Ова значи и потенцијално поголема болка во грбот.

Порано ќе ги почувствувате движењата на бебето. Како прво, сега знаете како да ги препознаете движењата на бебето кога ги чувствувате, а големи се шансите да ги почувствувате некаде во четвртиот месец, додека во првата бременост обично првпат се чувствуваат околу петтиот месец.

Лажните контракции можат да бидат различни. Можно е Брекстон-Хикс контракциите да се појават порано или да бидат поинтензивни отколку во првата бременост.

Породувањето може да биде пократко. Се разбира, тоа не е правило, бидејќи секое породување е приказна за себе, но обично второто (и секое следно) е пократко од првото поради фактот што грлото на матката е сега помалку заоблено, а исто така грлото на матката и вагиналното ткиво се пофлексибилни, па главата на бебето лесно може да помине низ нив.

Болките по породувањето можат да бидат посилни. Постпородилните контракции се јавуваат кога матката ќе се врати во претходната големина, а бидејќи овој пат таа е веќе поголема од почетокот на бременоста, процесот на враќање во првобитната состојба може да биде поболен.

Извор



912

X