И додека децата во сè поголема мера седат пред компјутерите, истовремено сè повеќе го занемаруваат пишувањето. За последиците на овие појави врз детскиот развој недоволно се зборува. Дека децата сè помалку пишуваат, најдобро покажува практиката во земјите каде што пишувањето диктат, кој без исклучок ги следеше претходните генерации, полека станува минато.

– Во одредени држави во Америка во училиштата се укинува пишувањето и употребата на пишани букви, односно учителот самиот одлучува дали децата ќе пишуваат букви или не, дали тие ќе се користат или не – вели доктор Ранко Рајовиќ, еден од основачите на организацијата „Менса Србија“ и член на Светскиот комитет за талентирани деца „Менса“.

Според неговите зборови, зад овие промени во образовниот систем стојат три главни причини:

– Првата причина е претпоставката дека во иднина децата ќе користат компјутери и дека поради тоа мора да ја совладаат работата на тастатурата.

Втората причина е тоа што ракописот на децата станува помалку читлив, а трета што децата пишуваат побавно – додава Рајовиќ.

Нечитливиот ракопис и побавното пишување укажуваат на тоа дека постојат одредени проблеми во развојот на фината моторика.

– Развојот на кората на големиот мозок зависи од бројот на импулси што ќе ги прими, а една од региите е задолжена за пишување. Поради тоа, неможноста за пишување е првиот знак за послабата стимулација на овој дел од мозокот – објаснува Рајовиќ.

Колку е важно пишувањето, покажува и фактот дека за секое движење кога се врши оваа активност е значајна стимулацијата и дека бара координација на голем број мускули. Во тие мали и важни движења спаѓа пишувањето коси леви и коси десни црти, заоблени леви и десни црти и многу други.

За децата да развијат комплексни движења со прстите, мора да пишуваат уште пред да тргнат на училиште. Во тој случај клучни се родителите.

– Мора активно да учествуваат во игрите и да помагаат во развојот на фината моторика, и тоа повеќе од порано, кога немало вакви проблеми бидејќи децата играле со „флипери“, собирале сликички, шумски плодови, дури и собирале пченка. За овој вид проблем не се ни размислувало – истакнува еден од творците на системот за учење „Никола Тесла центар“.

Денес мора да се мисли на ова бидејќи децата не само што помалку ги стимулираат центрите за прстите, туку тоа се случува и со другите големи центри. Проблемите не се мали, а решенијата се на дофат на рака.

– Тие центри се активираат со трчање, скокање, прескокнување, вртење. Децата што послабо се движат, помалку активираат некои важни регии во големиот мозок. И тука постои можност да дојде до когнитивен испад – вели Ранко Рајовиќ.

Извор



912

X