„Инсајдер“ објави есеј напишан од Лена Дерхали, која дава преглед на сè почестата практика на родителите на почетокот од новата учебна година. Тоа е динамично и возбудливо време за секого и додека децата се обидуваат да го префрлат умот од летниот распуст на училишните обврски, родителите возбудено ги фотографираат нивните први моменти. Дерхали има две деца на училишна возраст и вели дека секоја година гледа сè повеќе родители што споделуваат слики од нивните деца на социјалните мрежи на првиот училиштен ден. Мали слатки комбинации, насмеани лица и горди цитати предизвикуваат возбуда, но таа тврди дека не поддржува такви објави.
„Покрај тоа што сум мајка, јас сум и психотерапевт и експерт за социјални мрежи. Кога ги гледам овие фотографии, гледам повеќе од насмеани лица на децата. Ги забележувам опасностите што демнат зад таквите објави. Еве зошто не треба да објавувате фотографии од децата на училиште и зошто треба двапати да размислите пред да го направите тоа“, напишала таа.
Фотографиите можат да дадат информации за кражба на идентитет
Во 2020 година кражбата на идентитет погодила речиси половина од Американците. Можеби е последното нешто што ви паѓа на ум додека ги подготвувате вашите деца за првиот училиштен ден. „Но, информациите што ги споделуваме на интернет ги прават нашите деца лесни мети“, пишува Дерхали. Сè што му треба на злонамерното лице за да започне со кражба на идентитетот е целото име, датумот на раѓање и адресата на детето. Првите две информации може лесно да се најдат на профилите на социјалните мрежи кои вклучуваат роденденски најави и други пресвртници. Иако повеќето луѓе не би ја објавиле својата адреса на интернет, таа може лесно да се открие: фотографиите на децата на првиот училиштен ден може да ја покажат вашата поштенска кутија или бројот на куќата во заднина, и ако фотографирате дете пред училиштето, откривате кое училиште го посетува. Некои родители дури оставаат ознаки за локација на нивните објави, што го прави целиот процес за крадец на идентитет речиси премногу лесен.
Онлајн предаторите се насекаде
Изгледа малку веројатно дека фотографиите од враќањето во училиште би можеле да бидат адут за предаторите. Но, полицијата предупредува дека истражителите пронашле токму такви фотографии на уредите на сексуалните престапници. „Никој од нас не сака да верува дека има потенцијални криминалци меѓу нашите следбеници на социјалните мрежи, но непријатната реалност е тоа што многумина од нас го прават. Кога споделуваме информации како омилената боја, соништа и желби на детето, им даваме на предаторите алатки за градење односи со нашите деца“, вели Дерхали.
Еве како да споделувате побезбедно, ако навистина сакате
„Фотографиите од враќањето на училиште носат многу радост. Безбедно или под ваша контрола, можете да го намалите ризикот следејќи ги овие совети:

Размислете со кого ја споделувате вашата објава. Има голема разлика помеѓу објавување слики од вашите деца во затворена семејна група со 20 члена и цел „Фејсбук“, кој вклучува илјадници луѓе кои едвај ги познавате во реалниот живот.
Минимални детали. Држете се до објавувањето на името на вашето дете и никогаш не вклучувајте ги имињата на нивните наставници или училиште.
Проверете ја заднината на фотографијата. Проверете дали вашето училиште, домашната адреса и другите информации за идентификација се видливи.
Побарајте согласност. Ако вашето дете има 4 или повеќе години, прашајте го пред да објавите. Ако се двоумите, не објавувајте.