Картичките „Остануваме смирени и мудри“ претставуваат комбинација од неколку психолошки стратегии и вештини во справување со психолошки состојби, како вознемиреност, анксиозност, панични напади итн. Нивната главна цел, објаснува психологот Христина Стефановска, која ги креираше, е контролирање на психосоматските симптоми. Помагаат и во третирање на анксиозноста при испит или тест, која е комбинација од психолошки симптоми како загриженост, напнатост, страв од неуспех, намалена концентрација, потење на дланките, срцебиење итн. Таа е поттип на вознемиреност, поврзана со емоции кои се интензивираат кога некое лице се соочува со испитување на сопствените способности.

-Картичките „Остануваме смирени и мудри“ може да ги носите со себе и пред самиот испит да ја повторите целата когнитивна техника со цел да се доведете до психолошки баланс кој ќе создаде простор за подобри академски резултати. Целосниот пристап и содржина се базираат на стратегијата одбројување наназад преку која картичките стимулираат асоцијативно поле во мозокот со чија помош преку когнитивен тренинг се очекува автоматизирање на посакуваното однесување, како и контролирање на катастрофичните (нереални) мисли – вели Стефановска.

Овој пакет, иновативно психолошко помагало во авторство на психологот Стефановска, содржи 18 картички со инструкции за одржување на менталната хигиена и ментално здравје. За примена се следи инструкцијата на картичката број 17 и се оди по ред сè до бројот 0, без да го мешате редоследот. Се препорачуваат за возраст над 16 години.



912

X